Дац искрено си кажа: Скарани со комшиите, скарани на работа, скарани по дома

0

Дуото Дац и Александар Митевски беа гости во емисијата Магазин на Сител, и таму ја промовираа новата песна и спот за која рекоа дека дошла спонтано. Ова е македонска песна која е со потекло од Куманово, а Дац и Александар ја преработија.

-Се решивме за една култна песна „Бабино девојче“, многу позната, многу типична за тој крај, и посебно ни е драго што се врзавме со еден човек кој ни е пријател долго време, и музички сме имале можност да се дружиме и да соработуваме, Нино Величковски“, рече Александар Митевски.

Потоа Дац објасни дека е ова е народна песна која имала многу строфи, а оваа праработка е всушност трета верзија на песната. Дац изјави дека снимиле спот со кој сакале да се врзат со градот Куманово, преку старата убава песна. Потоа зборуваше за неговата професија, актерството.

– Јас станав актер, и никогаш не жалам за тоа. Тоа не е професоја, тоа е љубов. И многу ми е жал што таа моја љубов моментално стагнира, но еве се повеќе се опуштаат работите, и некако најдов утеха во целата оваа работа со Александар, со пеењето, за пак да бидам блиску до публиката, на некој друг начин.

Но, со душа го чекам времето кога ќе се наполни салата во Драмскиот театар, и кога ќе се поклониме после убаво одиграна претстава, и кога ќе го чујам тој аплауз, што навистина е огромна награда“, раскажа Дац.

Потоа раскажа за неговата мајка која била манекенка, и дека тој за прв пат со неа излегол на писта, за рака фатен. Тоа всушност било првото излегување на сцена на Дац, тој прво бил манекен, па актер.

Потоа, водителката го праша Дац за неговите синови кои се актери и дали од него ја наследиле пасијата кон глумата, дали тој ги поддржувал а одат во тој правез или тие самите си го изградиле патот.

-Не, не сум терал никого, како што и татко ми мене не ме терал. Татко ми обратно, тој ме одвраќаше да не станам актер. Затоа што, во оваа професија треба да си најдобар. Ако не си најдобар си ништо, и тоа е проблем.

Има трагични глумци, коишто на папир се глумци. Така да, не ги одвраќав, не ги ни бодрев, но со двајцата го спремав примениот испит, кога веќе решија. За примениот испит јас ги спремав и беа одлични“, изјави Дац.

Дац неодамна објави слика со својата сакана сопруга и им одржа лекција на сите мажи за романтика. Со сопругата се сликаше со по една ѕвезда во рацете и напиша: Сите ѕвезди ти ги симнав, празно е небото!

Дац е познат по тоа што секогаш пишува интересни статуси на Фејсбук, а секој негов статус е приказна. Во новиот, тој се сеќава на едно старо време и вели:

Сакам да свртам 95 за да проверам колку е часот, да го ставам телефонот на мушица и да нарачам будење за во некој убав пролетен сончев ден.

Ама да се разбудам баш на залезот на сонцето и да вдишам мирис на липи со со полни гради. А кога ќе се завртам назад, сенката да ми биде дури до немај-каде! ДСД

Таков е и неговиот најнов статус, во кој тој зборува за тоа колку како народ сме поделени:

Поделени сме на: СДСМ и ВМРО Македонци и Северно Македонци Албанци и Македонци Писмени и неписмени

Рамноземјаши и топчести, Сељаци и селани, Постои Корона и не постои Корона, Ваксери и анти ваксери

Комити и Шкембари, За Виргина за државното, За Интер за Милан

Стариот дрес и новиот дрес, Скарани со комшиите, скарани на работа, скарани по дома… Уште малку никој со никого нема да зборува!“

Претходна статијаТрифун Костовски: Во текот на следната недела ќе ги наведам сите до еден сомнителни профили
Следна статијаВладимир: Има грешки кои се простуваат и грешки кои оставаат вечни лузни