Томе од Канада: Трчаме по долари, немам регулиран статус, но сепак се чувствувам подобро од дома

0

Потекнува од нашите краишта и како многижумина, Томе тргнал преку барата да си ја бара среќата.

Заминал за Канада, откако безуспешно барал работа на илјада места. Таму, како што вели, за една година успеал да заработи и за куќа и за два автомобила.

„Може да се каже дека имам еден и половина факултет. Значи, државата не морав да ја напуштам бидејќи едвај преживував, туку си заминав бидејќи не можев да го добијам основното и загарантирано право на работа“ – раскажува Томе.

„Денес во Kанада работам како кровопокривач, а по струка сум економист-информатичар. Мислам дека одлично се снајдов бидејќи како странец за помалку од една година успеав да купам куќа.

Имам два автомобила, еден фамилијарен и еден за работа“ – вели Томе и го појаснува односот на работодавачот кон работникот:

„Во Канада ја користат вашата лоша ситуација и фактот дека мора да работиш за нив. Имаме затворени работни дозволи и доста е тешко да најдеш нов работодавач додека не го решиш статусот т.н. permanent resident.

Жално е што и покрај ваквиот третман тука се чувствувам подобро отколку дома. Овде чувствувам дека газдата те цени и тебе и твојата работа. Откако дојдов, платата ми порасна за 50%.

Ова е сепак моја импресија, може ќе наидете и на поинакви стории, секој различно се снаоѓа. Но имам впечаток дека кај нас колку и да се „ув иеш“ од работа, платата ќе ти остане иста.

Овде главно е да бидеш упорен за да предизвикаш среќа“- раскажува тој. Тој во Канада најпрво отишол сам, а потоа дошло и неговото семејство, сопругата Ана со ќерката и синот. Нагласува дека на жените им е многу потешко да најдат работа отколку на мажите.

„Што се однесува до т.н.женски работи, ситуацијата не е добра бидејќи тоа се главно нискоквалификувани работи кои не се многу платени, така што не е необично жените да работат „машки“ работи.

Школото, односно програмите кои постојат, се за секоја пофалба. Сепак ова е имиграциска земја.

Моите деца се вклопија совршено. Школото не е сведено на „бубање“ на теорија, туку на развивање на личностите и човековите вредности.

Практични се- не сакаат да учат како да пресметуваат туку како да го користат калкулаторот.

Интересен пример: ја прашав ќерката како би решила еден проблем, а таа вели – запиши си го проблемот на Јутјуб и ќе видиш“, го раскажува својот проблем Томе и нагласува дека секојдневните проблеми главно се подобро решени отколку кај нас.

Овде нема чувство на заедништво, бидејќи сите трчаме по долари. Мојата желба е да отворам сопствена компанија, бидејќи овде што и да отвориш и ако имаш бар малку смисол, можеш супер да живееш“ – истакнува Томе.

П.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаСе огласи Битолскиот професор Трајковски по подолго време: Тенденцијата оди незапирливо надолу
Следна статијаКунгуловски од Жан Митрев клиника: Што ќе треба да се прави за да се стекне имунитет на новите соеви