Тамара Тодевска се огласи за Евровизија – лута, како никогаш досега

0

Васил Гарванлиев синоќа не успеа да се пласира во финалето на годинешниот Евросонг, а по тој повод, на социјалните мрежи се огласи Тамара Тодевска, нашиот најуспешен учесник на ова шоу.

„Цела ноќ и сабајле читам коментари, статуси на Фејсбук и Твитер. Едни пресреќни, други псујат што не сме победиле (а богами бевме бољи од онаа лошата копија на Колдплеј или што би рекла Ивана – Колдплеј за сиромашни.

Girl, let me tell you something… Не знам дали забележавте, ама името на оваа земја е Северна Македонија. Тоа е факт, без разлика дали нѝ се допаѓа или не. Така требаше да биде, така бидна.

Македонското во нас никој не може да нѝ го одземе. Но, синоќа покажавте дека сепак можело. ВИЕ што хејтате, голем дел од дијаспората (секоја чест на исклучоците) и слични малоумни коментари, покажаа дека сами си го одземате она што е македонско во вас.

Синоќа само еден народ беше против Македонија (северна, источна, каква сакате). македончето.

Со мала буква е македончето, ситно, зајадливо, љубоморно, зло бно. Затоа што Македонците гласаа и се радуваа. македончето од својата глувчешка дупка хејташе.

АЛО БРЕ! Стручно жири на Велика Британија нѝ даде 12 поени. Знаете ли која е Велика Британија?

Не е Тереза Меј, не е Брегзит, не е Меган Маркл… Британија е земја на Depeche Mode, Jpy Division, Queen, Stone Roses, The Beatles, Cure, Oasis, Smiths, Rolling Stones, Pink Floyd, Radiohead, Led Zeppelin…

А вие кои сте за да не гласате за одлична песна и уште подобра пејачка?
Не ви се допаѓа Северна? Обвинете ги политичарите.

Демек ја казнивте Тамара (голем уметник и квалитет) затоа што настапила за Северна Македонија? Нормални ли сте? Од утре казнете ги банките што се во Северна па не ја подигнувајте платата, казнете ги училиштата и не ги праќајте децата во школо, казнете си ги фирмите кај што работите и не одете веќе на работа…
„Казнувате“ уметност поради политика. Невидено!

Социјалните мрежи ви дадоа глас, па сега лупате глупости триста на саат. Ништо вие не казнивте. Не можете да нѝ ја одземете радоста за успехот на Тамара! Не можете да ми ја одземете синоќешната вечер со пријателите во која викавме и урлавме на секој добиен поен, да не зборувам за 12-ките и десетките.

Таа радост, таа позитивна енергија, таа среќа што ретко ја доживуваме во толкав интензитет сите одеднаш“, напиша Тодевска на Инстаграм-стори.

Претходна статијаАлександар од Охрид кој живее во Дизелдорф: Промената од Македонија во Германија не ми годеше воопшто
Следна статијаДани грми со македонска народна песна, солзи голта и пее (ВИДЕО)