Саше кој живеел и работел во Словенија, Италија и Германија сака да каже нешто важно

0

Само кога би можел да биде подобар животот кај нас, ни малку не би се колебал да останам и да живеам во Македонија. Како млад не се надевав дека некогаш ќе го напуштам родното место.

Ете и јас принуден од немаштијата морав уште млад да заминам во странство и да го напуштам семејното гнездо. Нормално, дури бев сам не ми требаа толку пари, немав големи трошоци и си живеев убав ергенски живот.

Арно ама, откако се оженив, сопругата ми беше бремена и се роди бебето увидовме дека ни фалат пари само за преживување. Не стигаат тие 12 илјади што ги земаме за цела фамилија.

Плус немавме посебно место за живеење, туку живеевме со моите на ист спрат. Мене ми прекисна да се жалам и да земам кредити за да направам едвај две соби, па решив покрај еден братучед да заминам во Словенија.

Оставив жена, дете и со тешка мака едвај се навикнував таму. Добро беше што имав однапред сместување. Заминав без план за работа, па таму директно баравме и се вработив бо градежна фирма. Нормално, работев на плацови, куќи, не гледав бел ден само работа – стан -работа.

Жешки лета, се исончав за десет години одење на одмор, а зимите пак ладни што едвај работевме со колегите. Сепак, парите не влечеа. Жената си ја гледав двапати во годината. Таа не ни планираше да доаѓа со мене, не сакаше да се преселува. Фала богу и друго детенце си добивме.

Работев неколку години таму, ама после се прелажав па заминав во Италија да си ја пробам среќата. Таму се знае, почнав со работа во земјоделие. Научив се’ за лозјето и неговото одгледување. Таму ми беше потешко заради јазикот, ништо не разбирав а не бев волен ни да го учам.

Многу повеќе заработував и кога правев споредба со тукашните дневници и тамошните, разликата е многу голема. Во тој период жената многу ме молеше да се вратам назад, доста ми биле пари, не сакале веќе да им праќам туку ме сакале мене до нив.

Децата растат без татко кој само преку интернет го гледаат. Стопати се убедував ајде уште овој месец, уште малку па ќе се вратам, ама ништо.

Желбата за заработување и пружање убав живот на моите ми беше посилна од враќањето дома. За жал дури сега сфаќам колку сум погрешил. Можеби требало да ја послушам сопругата тогаш.

Сега е касно и не може да се врати ништо. Толку патешествија поминав, само некој што искусил може да ме разбере. Не можев да запрам таму и ми здосади се’ една иста работа во Италија, па со едни колеги Македонци се снајдовме некако и од таму заминавме во Германија и се’ уште работам таму.

Најдовме работа во една фабрика, но некако нај свој се чувствувам таму и чувствувам дека живеам во покултурна земја.

Таков ред и култура не сум сретнал, какви патишта, куќи има, за тоа малку што сум шетал Германија ептен ми зарасна за срце. Децата пораснаа и одат во школо, но сега си дојдов и со намера да ги убедам да дојдат со мене и да се преселиме таму. Доста ни беше одвоен живот. Ќе се снајдеме секако.

Пари имаме, доволно сум заработил за овие 15тина години како сум заминат од дома. Навистина тешки години. Многу се каам што не сум поминувал доволно време со децата и сопругата, со блиските пријатели, сега сите ме гледаат само како некој што ‘рмба и испраќа пари.

Како средство за задоволување на потреби. Ама јас планирам тоа да го сменам. Не сакам децата да се навикнуваат на користољубивост, ќе се обидам да си го спојам семејството и да живееме живот со љубов и хармонија.

Благодарен сум и и на сопругата што издржа без мене досега и сама ги израсна децата без да си замине. И двајцата се жртвувавме, но семејството ни е на прво место.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаОсвен што знае да пее, Татјана Лазаревска покажа уште еден талент – знае да „замеша“ во кујна многу прекраснотии (ФОТО)
Следна статијаДушичка ме влече во Македонија, но разумот вели дека мора да се вратам назад во Италија