Министерот за здравство, Венко филипче, во два статуси на својот профил на социјалните мрежи, даде извештај за изминанатиот ден, бројките поврзани со ковид пандемијата и проговори за оние кои се имунизираа со прва доза од вакцината Атразенека во Србија:
-Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје 473, Битола 100, Куманово 90, Прилеп 62, Охрид 50, Струмица 45, Тетово 36, Штип и Кичево по 32, Велес 29, Кавадарци 28, Гостивар и Кочани по 27, Гевгелија 22, Струга и Свети Николе по 14, Неготино и Радовиш по 12, Ресен и Валандово по 11, Виница 10, Крива Паланка и Берово по 7, Демир Капија и Демир Хисар по 3, Делчево 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод по 1.
Пријавени се вкупно 35 поч инати лица: 7 од Скопје (39г , 63г , 65г , 75г , 76г ,77г, 79г), по 4 поч инати пациенти од Кавадарци(56г, 68г, 73г, 77г) и Штип (47г, 69г, 70г, 78г), 3 лица од Струмица (71г, 2 лица по 81г), по 2 пациенти од Прилеп (76г и 82г), Велес (72г, 85г), Крива Паланка (60г и 72г) и Битола (63г и 69г), и по 1 пациент од Куманово (66г), Гостивар (78г), Неготино (82г), Гевгелија (62г), Свети Николе (64г), Радовиш (68г), Охрид (64г), Кичево (69г) и Ресен (71г).
Регистрирани се 854 оздравени пациенти од: Скопје 475, Прилеп 52, Велес 40, Куманово 37, Кавадарци 36, Тетово 27, Кочани 25, Гостивар 23, Неготино 22, Берово 18, Штип 16, Крива Паланка 13, Гевгелија 12, Струмица и Свети Николе по 9, Радовиш и Валандово по 8, Виница 7, Пробиштип 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица по 2, Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.
-Одлично се одвива вакцинацијата во А1 Арената Борис Трајковски, денеска се вакцинираат здравствени работници и наставничките од 1-3 одделение.
-Доволен број на кревети има во Скопје и ширум државата, намален е притисокот во болниците во однос на денот претходно, но сеуште е голем бројот на хоспитализирани и на оние со тешка клиничка форма на болеста.
-Утрово се разгледуваше ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината на Астра Зенека на сите несакани ефекти во форма на тромботични состојби кај млади луѓе – сите несакани тромботични ефекти ќе влезат во упатството на самата вакцина.
-Одлуката е да вакцината на Астра Зенека не се дава на лица помлади лица од 60 години во нашата земја, за сите што ја примија оваа вакцина во Србија дополнително ќе се одлучува во однос на ревакцинацијата.
-Во однос на оние лица под 60 години кои веќе примија вакцина во Србија, нема посебни препораки во моментот. Доколку почувствуваат некакви симптоми да се јават на контола и преглед кај лекар, но засега освен еден случај не е пријавена друга компликација.
-Во однос на ревакцинацијата за овие граѓани со препораки ќе излеземе откако ќе се направат дополнителни консултации и анализи.
Ревакцинацијата е за три месеци што значи дека има доволно време да се донесе одлука согласно искуствата и препораките од експеритите и други европски агенции за лекови кои ќе ги добиеме во следниот период.