Уште една лична приказна на писателката Марија, сестрата на Лозано

0

Марија Лозана е писателка и уметник која изработува рачен накит и тоа доста успешно. Таа е сестра на пејачот Влатко Лозаноски- Лозано.

Марија Лозаноска е автор на два романи „Големото Л“ и „Другата“.

На својот Инстаграм, Марија објави интересен, мотивирачки статус во кој таа кажува како станала модел.

„Ова е еден од најхрабрите моменти кои ги имам направено во животот.

Цел живот сум се борела со вишокот килограми и ни на крај памет немаше да ми текне дека токму тие ќе ме направат модел.

Ова се неколку од официјалните фотографии на брендот за новата колекција на пижами со поголеми броеви.“ напиша Марија Лозано.

Таа чeсто објавува инспиративни статуси кои се интересни и мотивирачки за нејзините следбеници. Неодамна, таа на овој начин порача дека треба де се сакаме себеси.

„Никој нема да те сака како тебе. Никој нема да те уништи како ти самиот. Никој нема да те утеши како што ти можеш.

Никој нема да те мотивира како ти. Никој нема да те излекува освен ти. Никој нема да те сака без разлика на сè освен ти.

„Луѓето си заминуваат. Луѓето отсакуваат. Луѓето се премислуваат. Сите сме сами во своите кошмари. И само ние ги гледаме колку сликовито и да ги прераскажуваме. Биди си сè.“

Лозаноска повторно објави статус кој мотивира и е поврзан е со нејзината работа како модел.

-Драги мои, ова сум повторно јас – во улога на модел за ‘плус сајз’ колекција. Првиот пат бев преплашена од реакциите на луѓето, затоа што сè уште ова е табу тема во светот.

Се изненадив од преубавите и поддржувачки реакции од вас, драги мои, но и покрај тоа, јас сум пак преплашена затоа што, кога нешто ти тежело цел живот, не може да ти биде лесно преку ноќ.

Им благодарам на Sara Fashion за поканата повторно да бидам модел за нивната најнова колекција на пижами.

Со нивната професионалност ме направија да се чувствувам како најзгоден модел.

Она што сакам да кажам со ова е дека треба да си ја гушнеме различноста. Живи суштества сме и се менуваме.

Имаме периоди од животот кога изгледаме најсовршено, за во следниот да се распаднеме и да се прашуваат луѓето што се случило со нас.

И тоа е во ред. Треба да бидеме среќни во сите наши форми.

Бидете најпрво здрави и среќни. Тоа, драги мои, е првиот предуслов за убавина“, напиша Лозаноска.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаВенко Филипче даде детален извештај за изминатиот ден и проговори за оние кои се имунизираа во Србија
Следна статијаБитолскиот професор Трајковски со една од најоптимистичките прогнози досега