Трифун Костовски предлага гласањето на избори да биде задолжително – објаснува зошто

0

Поранешниот Градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, на својата фан страна на социјалните мрежи, постави статус околу задолжително гласање на избори и притоа побара мислење од фановите:

„Согласно проектот „Сакам да го слушнам гласот на мојот сограѓанин“ ова е првото мое прашање до Вас. Мојот став околу ова прашање ќе го изразам во среда, 21.04.2021 година.

Костовски во коментари доби различни мислења, а преовладуваше ставот дека гласањето не треба да биде задолжително. Денес, Трифун Костовски во коментар под постот, го образложи својот став:

„Мојот став е дека гласањето мора да биде обврзувачко за секој граѓанин кој се нашол на списокот на гласачи. Многумина од вас го толкуваат како кршење на демократијата и слободата на човекот. Ве убедувам дека демократијата подразбира НАЈПРВО ОБВРСКИ И СЛЕДОВАТЕЛНО ПРАВА.

Фото: Јутјуб принтскрин

На овој начин индиректно ќе можеме да се преброиме точно колку гласачи постојат во Македонија. Значи ќе ги елиминираме фантомските гласачи. Обврзувачкото право да излезеш да гласаш не значи дека мораш да гласаш за луѓе кои што сметаш дека не го заслужуваат тоа, впрочем постојат и неважечки ливчиња, тоа е исклучиво право на секој поединец.

Фото: Јутјуб принтскрин

За жал во Македонија гласањето преку утврден минимум цензус на излезеност е злоупотребено од политичките партии. При тотална апатија на населението кон било каков изборен циклус на гласање ќе излезат само партиските војници и нивните послушници.

Под претпоставка успешен изборен циклус е легитимен со 40% излезеност. Што тоа значи? Во овие 40% се пред и се гласачи од политичките партии и нивни блиски.

Минимум 7% од овој цензус добиваат гласови партии кои не влегуваат во Собранието на РМ. Математички со 33% излезеност го формираме Собранието, вадеачката структура и нејзината опозиција.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тоа значи со 15-17% излезеност и нивни гласачи, ја добиваат власта во нивни раце. Остатокот е во рацете на опозицијата. Почитувани, во ниеден момент ваква Влада го нема фундаменталниот легитимитет за водење на државата, меѓутоа де јуре тие владеат.

Фото: Јутјуб принтскрин

Токму во начинот на обврзувачкото гласање лежи општата констатација што во долг период доаѓаат луѓе на клучни позиции без квалитетите кои треба да ги поседуваат. На крајот би прашал, дали во соседна Грција и Бугарија каде гласањето е со закон регулирано се имаат појавено шпекулации за монтирани избори?

Не мои пријатели, јас такво нешто немам слушнато, ама сум сведок дека во МК од осамостојувањето па до денес манипулирањето со гласачките кутии и со постоечки и непостечки гласачи на гласачките списоци дозволуваме да имаме сомнеж во легитимноста на изборните процеси.

Фото: Јутјуб принтскрин

Еден човек еден глас, нај еклатантен пример да се преброиме точно колку сме како граѓани на РМ со право на глас. Почитувани ова е мојот личен став. Се извинувам што во две продолженија ви го напишав, а вие проценете дали сум во право или не.

Фото: Јутјуб принтскрин

Сакам да појаснам дека при задолжителното гласање ќе се регулираат низа сегменти и за валидноста на изборите. Имено доколку огромен процент одбива да го даде својот глас за предложените кандидати можно е поништување и на самите избори.

Говорам за варијанти кои треба да ги спреми посебна стручна служба, кој предлог ќе биде даден на јавна дискусија и заеднички ќе ги утврдиме правилата на изборите. Останете ми со здравје пријатели.“

Фото: Јутјуб принтскрин
Претходна статијаАјде да не се правиме наивни дека странските пари се странски, а домашниве треба да бидат „на изволте“
Следна статијаДа бидеме реални – она што го прави матичниот д-р Ненад Лазаров, можат и други да го направат, ама не го прават