Да бидеме реални – она што го прави матичниот д-р Ненад Лазаров, можат и други да го направат, ама не го прават

0

Јавноста го запозна доктор Ненад Лазаров некаде во март минатата година, на почетокот од оваа пандемиска криза. Тој со кратки статуси на својот профил на социјалните мрежи, почна да дава актуелни информации, поврзани со тогаш новиот и недоволно познат вирус, ковид-19.

Ненад Лазаров е матичен лекар и работи во своја приватна ординација. Тој е еден од ретките доктори од примарната здравствена заштита, кој се вклучи во медиумски дебати околу вирусот, покрај неколкуте професори од Медицинскиот факултет во Скопје.

Некаде пред една година, Ненад Лазаров почна акција за изработка на визири, со 3Д технологија, во време кога нашата држава, како и многу држави во светот, немаше доволен број заштитни маски.

Изработката на визирите беше реализирана со донации, а потоа тие беа бесплатно дистрибуирани на матични лекари, приватни и јавни здравствени установи, полиција и на други места каде што имаше потреба.

Лазаров во меѓувреме, продолжи со своите активности на социјалните мрежи, а неретко ги коментира и актуелните здравствени политики, за што добива разни партиски етикети, нешто што тој го негира.

Ненад Лазаров пред неколку месеци ја промовираше услугата „Домашна посета“, во склоп на неговата приватна ординација „Медика Вера“ и најави дека услугата ќе чини само 1000 денари, комплет со терапијата која би се аплицирала.

Ова дојде по поплаките на пациенти на социјалните мрежи, дека домашните посети од некои поголеми приватни клиники, чинат многу пари, кои во ова време, кога и економијата е во надолен тренд, граѓаните неможат да си го дозволат.

Пред десетина денови, д-р Ненад Лазаров почнува нова акција. Тој на социјалните мрежи, повика компании кои се занимаваат со производство, увоз или дистрибуција на суплементи, да донираат во неговата ординација дел од производите, кои тој потоа би ги давал на пациенти кои неможат да си ги дозволат.

Бидејќи, основна терапија кај ковид заболени е суплементирањето, во насока на зајакнување на имунитетот, одбранбениот механизам на секој опрганизам.

„Јавно ги повикувам сите фармацевтски компании присутни на пазарот кај нас со витамини, додатоци во исхрана и сл, да излезат во пресрет и донираат дел од своите производи, има потреба да помогнеме на болни на терен, има доста луѓе кои не можат да си дозволат.

Од сите по нешто ќе покриеме многу луѓе, секако се изнапродававте, дајте фидбек малку. Ќе ве рапортираме за секое едно апче донирано каде ќе заврши. И не мора само фармацевтски фирми, било која компанија, НВО или сл. што може, купете витамини и дајте ќе ги донираме“, напиша во таа прилика Лазаров.

„Доаѓам на работа, преполнав канцеларија“, напиша д-р Лазаров по само неколку денови од почетокот на акцијата.

Се чини дека огромен број компании и организации се одзваа на поканата за донација на суплементи.

Некои од нив тоа го прават од чисто алтруистички причини, некои можеби поради промоција, но како и да е – заедничко за нив е дека ДОНИРАЛЕ и помогнале на оние кои немаат и не можат да си дозволат.

Пред една недела, докторот објави дека неговиот тим подготвил и предал преку 150 пакети со донации, до денес веројатно тој број е дуплиран.

На сето ова, се наметнува еден заклучок. Ова што го прави матичниот лекар, д-р Ненад Лазаров, можат многу негови колеги да го прават. Но не го прават! Тоа мора да се каже јасно и гласно. Многумина одбраа само да морализираат и теоретизираат.

Да не се разбереме погрешно. Некој мора и да теоретизира, тоа се секако професорите од областите епидемиологија, имунологија, микробиологија. Но оние кои имаат контакт со пациенти, пред сè матичните лекари, како и оние кои имаат други ординаци, би било добро да се вклучат во една ваква или слична акција.

Претходна статијаТрифун Костовски предлага гласањето на избори да биде задолжително – објаснува зошто
Следна статијаМаж ми го испративме кога бев трети месец бремена, мајка ми ме тераше да се чистам, свекрвата ме молеше да не го правам тоа