Стефан: Трифун од мал тактизираше, удираше по страничниот дел од шпоретот и така одржуваше ритам

0

Бизнисменот и добротвор, Трифун Костовски, на својата страна на социјалните мрежи, последниве недели објавува исповеди од свои пријатели, при што и тој проговорува за нив. Овојпат, во постот подолу, зборува неговиот брат Стефан:

Фото: Јутјуб принтскрин

ДРУГАРУВАЊА – Стефан и Трифун Костовски

Стефан: За вистинските вредности на мојот брат Трифун! Величината на големите и хумани луѓе е отсликана во нивната скромност. Трифун е пример пред сè за човек, а потоа голем добротворец и хуманитарец.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој е личност со свои принципи, високи стандарди, кои се дел од неговата животна етика. Многумина ја потврдуваат неговата хуманост и човечност, а делата говорат дека секојпат помагал и сè уште помага на било кој начин, без оглед на верската, етничка и национална припадност, онаму каде што е потребно.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој секојпат кога ќе го запрашаат што е тоа што Ве поттикна да се истакнете како голем хуманист, Трифун одговараше: „Ме прави среќен, целосно исполнет и што е најбитно духовно побогат за уште едно добро сторено дело“! Едноставно, тоа сум јас!!!

Фото: Јутјуб принтскрин

Трифун, уште од најраното детство ја покажуваше неговата скромност, неговата стабилност и смиреност, секојпат знаеше да избалансира во одредени моменти и да го донесе најправилното решение.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој, уште од најмала возраст пројави интерес кон музичкиот такт, кој веднаш го користеше штом ќе почневме заеднички со родителите да пееме. Беше толку снаодлив, така што постојано додека пеевме, тој тактизираше и држеше ритам со удари во страничниот дел од домашниот шпорет.

Фото: Јутјуб принтскрин

Стекнатата љубов кон песната и понатаму со задоволство ја применува во амбиент секаде каде што е потребна. И во оваа возраст неговиот апетит кон музиката се проширува со носење на еминентни пејачи и изведби на заеднички музички дуети со цел задоволување на сопствените музички емоции. Со тебе брат, не врзува едно убаво време, прекрасно детство со многу спомени и заеднички отпеани песни, детски палави игри и младешки лудории.

Трифуновото мото е „Добрината секогаш се враќа со добрина“ и цврсто подадената рака без скриени намери, без очекувања и награди, Трифун го воздигна во благословена и крупна личност, со срце исполнето со љубов и нежност.

Фото: Јутјуб принтскрин

Трифун е богат човек, богат со искрени пријателства, богат со знаење и искуство, богат со чувства и емоции, богат со зрелост и искреност, богат со љубов и добрина. Најчесто се стреми кон остварување на зацртаната цел, пропратена со своите лични манири: комплетна елеганција, пријатна насмевка, смирен тон, рафинирана гестикулација, стабилен однос…

Тоа си ти Трифуне мој! И за крај, те молам не се разочарувај од злобните луѓе кои сакаат да ти наштетат, бидејќи тие немаат такво широко отворено срце како твоето. Верувам дека се ќе биде добро, верувам во твојата истрајност и човечност, верувам во добрината на севишниот ни Бог, а најмногу верувам во нашата братска љубов. Знам дека таа љубов ќе те заштитува и бодри, да истраеш храбро и достоинствено! Ти посакувам успех, мирно здравје и секое добро! Те сакам и те почитувам, твојот брат Стефан!

Трифун: Мојот почитуван и сакан брат е постар неполни 5 години од мене. Како човек чесен, професионален, со длабоко чувство за процена на луѓе, нивниот вредносен капацитет и во основа човек вљубеник во се она што го опкружува нашето живеење, песна, игра, спортување, дискутирање на теми блиски и далечни.

Фото: Јутјуб принтскрин

Ама времето поминато во негово опкружување е секако прекрасно, бидејќи позитивната енергија која избива од него за мене е секојпат порив повеќе да издржам кон зацртаната цел.

Во најраното детство 5 години значат многу. Јас бев секојпат мирен, повлечен, тешко зборував, додека брат ми беше моја спротивност. Нашите родители знаејќи ги нашите посебности, секојпат посветуваа време на секој од нас токму толку колку требаше да не изведат на прав пат.

Фото: Јутјуб принтскрин

Упорноста на мојот покоен татко пленеше и ден денес се наежувам при помислата со каква енергија се трудеше да од мене и од мојот брат направи луѓе со достоинство и респект. Нашата мајка беше сушта спротивност, полна со љубов и не умееше да каже Не, на нас децата за многу работи кои ги сакавме.

Фото: Јутјуб принтскрин

Сирота, не можејќи да одговори на нашите барања умееше да каже именувајќи го мојот татко Тодор како Свети Илија. Ќе кажеше, цитирам … Сега ќе дојде свети Илија, па од него побарајте. Нашиот татко беше мудар човек, полн со љубов, меѓутоа имаше пред себе цел.

И денеска ми одѕвонуваат неговите зборови кои ги кажувал на мојата мајка, а ги дознавме откога оформивме семејства, се стекнавме со нови поколенија, што точно и велел на мојата мајка Олга.

Со појаснување, мојот татко Тодор е сирак, бидејќи и неговиот татко бил регрутиран од Бугарите за време на Балканските в -ојни и до денес не знаеме каде мојот дедо, чие име јас го носам, за -гинал, каде е зак -опан, што сметам дека не е чесно од тогашната, па и денешна Бугарија да не ни го расветли случајот со мојот покоен дедо.

Фото: Јутјуб принтскрин

Мојот татко умееше да каже; Олга децата се милуваат додека спијат, имаме толку колку да го преживееме месецот, немој да ги разгалуваш. Сега ќе се вратам повторно на мојот брат Стефан. И денес носам белег на мојата лева рака од палецот, кој белег ме потсетува на неговиот немирен дух, бидејќи како бебе сум бил многу мирен и не сум плачел.

Фото: Јутјуб принтскрин

Со цел да ми го слушне плачот мојот брат Стефан доаѓа до оригинална идеја, ми го залепува левиот палец од раката на печката во кујната каде што се греевме. Верувам дека многу сум вриснал и од тогаш мојот брат не ја повтори истата грешка.

 

Во последната декада во која фала богу живееме, нашата поврзаност како браќа е уште повеќе засилена како никојпат до сега не сме си требале еден на друг и лично сметам дека мојата почит кон мојот брат не само што е голема, туку од ден на ден станува уште поголема. Биди ми жив и здрав Тми.“

Претходна статијаПроф. Трајковски: Како Австралија се справи со ситуацијата
Следна статијаСе струполи на една удолница и многу лошо падна, викаше дури: Сеќавање на Ненад Стојановски