Проф. Трајковски: Како Австралија се справи со ситуацијата

0

Професорот Дејан Трајковски од Битола, направи анализа, како тоа Австралија успеа да се справи со вирусот и да ја дочека имунизацијата со минимален број заразени и упокоени:

„Паралелно со внатрешната борба за искоренување на вирусот преку 5-месечен делумен локдаун, Австралија речиси целосно ги затворила границите за странски посетители.

Од милион посетители годишно, стигнале практично до нула (на првиот дијаграм). Ова се нарекува решителен чекор!

Затоа сега не ги боли главата и живеат нормално, а ако им се појави макар еден единствен ковид-случај, нема да губат ни час и веднаш ќе следи 5-дневен тотален локдаун во градот кадешто би се појавил случајот.

Моментално без брзање спроведуваат и вакцинација, после што ќе следува целосна нормализација на состојбата.

Најважната лекција е дека во отсуство на вакцини вирусот мора да се искорени по механички пат – со заклучување. Соживот со вирусот никако не е опција.

Инаку, после големиот пад на БДП-то од 7% во март 2020, успеале да ја завршат годината со пад од одвај 1,1% (на вториот дијаграм). Премала цена за импресивниот успех во справувањето со корона вирусот на национално ниво.

Годинава (2021) веќе им тргнала со забрзан чекор нанапред, растоварени од корона-кризата. Арно ама, таму ги немале ВФ и ЗЗ за ладнокрвно да ги испраќаат луѓето на губ илиште и така да ја поткреваат економијата.

Економија која споболува и ув ива луѓе. Додуша, во Австралија паднале оставки на министри, но во секој случај најспособните дошле на местата и си ја завршиле работата како што треба.

Интересно, иако влегле во рецесија за прв пат после 29 години, веќе во декември 2020 прогласиле нејзин крај. Звучи неверојатно, ако се знае дека рецесиите обично траат најмалку по 3 години.

Резултати за респект од секаква гледна точка. Ако нашите не сакале да се угледаат на земјите од Југоисточна Азија (заслепени од ЕУ и НАТО), можеле барем да го следат примерот на Австралија – западна демократија на која тешко може да и се најде мана.

Претходна статијаХарис Џиновиќ потроши куп пари за овој детаљ во новата луксузна вила што ја гради
Следна статијаСтефан: Трифун од мал тактизираше, удираше по страничниот дел од шпоретот и така одржуваше ритам