Никола Наумоски проговори за „Стаљин од Велес“, за актерка која не игра во театар, а „лапа“ пари и за многу други

0

Цела недела не замараа со наводни скандали со тајни списоци на вработени во влада што работеле тајни пропагандни задачи.

Денес излезе списокот и сите видоа дека нема ниту едно спорно име, особено не твитерџии и инфлуенсери за кои погодуваа дека за пари ја бранеле владата.

Но, веќе нема поента да се бориш со лажните вести, изгледа треба лично да ги напаѓаш лажачите замотани во овчја кожа.

Никој не ги засрамува за нивните лапања, паразитирања, цицања, поштените луѓе нејќат лични напади, но ја веќе три ипол години ги трпам и не можам више сите овие блатења да ги толерирам.

Заради нивното повторување и недемантирање, пошто нели мислевме дека не се вредни, деновиве дочекувам и луѓе што ги познавам и ценам да ги повторуваат тезите на овие гнасни лажговци и манипуланти. А, они се заправо виновни за она што ги обвинуваат другите!

Ќе и каже ли некој на онаа актерка што со години не игра во театар, а лапа пари секој месец, дека има дупло поголема плата од мене, додека не оди на работа, а ја идам цела пандемија без ден отсуство?

Дека зема 10 пати повеќе плата од комуналците кои ги куди дека не си ја завршиле работата? Па уште и појачање доби у сред пандемија заедно со сите други колеги од културата!

Ќе му каже ли некој на Стаљин од Велес дека изминатиот месец додека беше блокирано собранието, тој заработи 1000 евра плус привилегии, без да одржи ниту еден од неговите „славни“ говори?

Ќе му каже ли некој на членон на комисија за дискриминација дека други р’мбаат секојдневно, а он кога може, за платица поголема од административци што цел живот работат во државната управа?

Ќе и каже ли некој на советничкана од Левица што прозива наоколу дека со еднодневен ангажман во месецот во Град Скопје зема дупло повеќе од минималната плата што ја земаат работниците за еден месец?

Ќе и каже ли некој на спонзорушана на Трифун, Орце и Мијалков дека треба да раскине со тројцата, пред да не прозива како да си го живееме животот?

Па да идеме и даље – ќе им каже ли некој у фаца на оние шегаџии дека Орце Камчев ги плаќа сајтовите каде ги објавуват своите глупави вицови? Дека му помагаат да излезе од при твор со хехенца за кои пари лапа нивниот уредник?

Па уште сега деновиве тие обвинуваат за „ботови“, киндапирајќи го терминот што е скован да ги опише нив? Тие и армија фиктивни бројлери на некоја руска фарма, со кориснички имиња со бројки на твитер, ќе не лажат дека „народо“ е со нив?

Што е следно, лиглиња, ќе почнете да не викате „ќосиња“ нас кои одбиваме да ви наседнеме на манипулациите? За вас може многу полоши работи да се кажат од овие повраќаници што ги читаме секој ден. Немојте да мислите дека не може, но луѓето од оваа страна имаат основна пристојност за да не маваат под појас. Дури и сега.

Ете тие се денес гласните незадоволници од #ШаренаРеволуција, глумат дека се предадени, а од петни жили се обидуваа да ја саботираат додека траеше. Тие не веруваа во неа ни додека бевме на улица, очи не им видовме, а сега ќе се претставуваат ко некој да им свртел грб и ги напуштил. На друг да му ги кажувате тие приказни, ние знаеме кај бевте тогаш и кај сте сега.

(Искреното незадоволство од исходот на шарената (кое што го споделувам) и објективните резултати ќе ги оставам за друг пат, кога ќе зборуваме без повод, а со вистински другари што вистински учествуваа и соработуваа и пред и по шарената).

Претходна статијаНешто што ги интересира и Македонците во Германија: Ќе имаат ли имунизираните поголеми права
Следна статијаНоне си направи плажа во Велес, се сончаше, се пофали на Инста и упати порака