Неда Украден тагува: Тој ми беше како татко што го немав

0

Неда Украден, една од најпознатите пејачки во поранешна Југославија неодамна наполни 70 години. Неда ја нарекуваат балканската Тина Тарнер, и годините кои одлично ги носи ретко кој би ѝ ги дал. Неда е веќе баба, и тоа на тројца внуци.

Од нејзината ќерка Јелена, Неда го има внукот Душан и двете внуки Александра и Неда, која го носи нејзиното име.

Неда е многу врзана со ќерката Јелена, а својата баба ја почитува и нејзиниот сопруг Пеца Миновиќ.

Доказ колку ја сака баба си, е тетоважата која ја направи со нејзиното име. Тетоважата е оригиналниот потпис на Неда.

Неда откри дека е при крај кога станува збор за работа на нејзината автобиографија, која започна да ја пишува за време на двомесечниот карантин што беше прогласен во првата половина на минатата година.

-Деновиве пишувам ракопис и значително го менувам и дополнувам текстот. Сликите само се појавуваат, бидејќи мојот живот и кариера се случуваа на неколку места – земји, градови, адреси.

Тука се и сите тие одлични луѓе, автори, песни, концерти, патувања … Тоа ќе биде многу интересна книга – истакна Украден.

Иако на прво место ѝ е важно што остана здрава уште од почетокот на пандемијата на вирусот корона до денес, Неда Украден истакнува дека е многу загрижена за бизнисот што го започнала со нејзината ќерка и зет.

Српските медиуми пишуваа дека Неда е речиси пред банкрот. „Инвестиравме премногу работа и средства во нашата семејна игротека и центарот за убавина за да ги оставиме сега.

Ние се обидуваме, со големи напори, да не дозволиме луѓето да ја напуштат својата работа – рече пејачката во интервју за Стори.

-За жал, нема многу разбирање за овие активности, па ние ги сносиме трошоците за оваа повеќемесечна блокада.

Се надеваме дека имаме подобра година пред нас“, рече Неда надевајќи се дека сепак бизнисот ќе им опстане и нема да банкротираат.

Неда е израсната во Сараево, со својата мајка, и рано останала без татко. Таа е многу потресена од загубата на Предраг Живковиќ- Тозовац, легендата на народната музика, кој вчера си замина од овој свет како последица на комликации со вирусот, откако сфрцето му откажало.

– Морам да кажам дека ми беше страшно кога слушнав. Очекував да ја добие битката и со двете болести. Тозо не може да исчезне. Го познавам Тозовац од 1972 година кога потпишав договор со најголемата агенција.

Се сеќавам на ангажман во Нови Пазар, таму беа Тозовац и Лепа Лукиќ. Тој беше секогаш ист, шармантен, прекрасен, благороден. Постојат пејачи кои се различни. Тој беше и мој колега и пријател.

Тој беше дел од моите најубави моменти. Мима и Тозовац беа нешто најубаво, тој беше и памет и талент. Тој ми беше како брат, татко кој го немав, колега, пријател“, рече Неда.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаОмилениот пејач на дијаспората раскажа како ја ќарил сопругата и објави како ја чува внуката, радоста негова
Следна статија(ФОТО) Анастасија си играше со внукот, дечкото на Цеца ѕиркаше од другата соба, веројатно не сака да се слика