Новинарот и сопственикот на економскиот магазин „Капитал“, Љупчо зиков, на својот профил на социјалните мрежи се огласи околу актуелните дилеми, дали треба да се гради пред Холидеј Ин:
„Дајте еднаш да тргнеме. Не можам да се изначудам на една мала група на луѓе која упорно деновиве тврди дека кај Холидеј ин ќе се градело “бетонско чуд овиште”!? Ниту го виделе проектот нити знаат што воопшто ќе се гради!
Само тролање на социјални мрежи … Види богати… !? Да прашам…. Сега ова што го имате пред Холидеј ин, ако имате нешто воопшто, дали тоа не е ЧУД -ОВИШТЕ?
Дали ова денес што го имаме не е чуд- овиште??? Па ова сега што го имаме е “африканска провинција”!?
Се пишува дека се узурпирала “последната слободна површина во градот”! Каква демагогија еј!
Погледнете си ја последната слободна површина на што личи … каде има ваква површина во центар на метропола (главен град на независна држава идна членка на ЕУ) која е израз на колосална немоќ на едно одамна сјебано општество!?
Јас сум да се гради … да се гради и кај Холидеј ин, и кај Треска, и кај Сарај, и секаде каде треба да се гради … И на Попова Шапка и на Маврово и на Кожув!
Алоо треба да се гради, а не да се филозофира! Ние на збор сме јаки и тоа е надалеку познато … Но ние не сме добри кога треба ДЕЛА да покажеме … Кога треба дела да покажеме за “онаквото” не не бива…
Затоа престанете со приказните на Паоло Куељо – седев крај реката Педра и плачев … Тргнете бре еднаш … градете … правете нешто … не плачете …!?
Нели гледате дека сега Скопје е град на многу “чудовишта” оти е неизградено … онака мутаво е … во 21 век се палиме сеуште на приказните на старо Скопје она што на среќа остана неурнато со земјитресот од 1963! Па тоа е веке надмината тема!
Го немате тоа Скопје кое патем ви го градеја во бановината! И на Ќензо Танге му направивме превара и ништо по негов план не не изградивме! Потоа се изгубивме во времето и корупцијата и тула не ставивме … и тоа го сметаме за најголемото достигнување!
Да не кажеше Тито една мисла онака површно, ќе немаше што да ставиме како белег и на старата железничка станица, која патем се дави во ѓубре како што гледате! Какви луѓе сме ние!
Какво колосално лузерство … Затоа јас сум да се гради! Да заличиме еднаш, а не, како некој што сака, да останеме последната балканска периферија удавена во сопствената неспособност!
Погледнете ја Софија, Белград, Турана, Солун … Сте биле ли во Подгорица, сте го виделе ли Загреб… за Атина да не зборувам…“