Лозано раскажа тажна приказна за Македонија, во дијаспората сите плачат

0

Девојките лудуваат по него, а го сакаат и децата и повозрасните и поради неговата музика, песни и скромноста. Влатко Лозаноски со прекар Лозано е несомнено нашиот најпопуларен пејач.

Влатко неодамна искрено зборуваше како останал имун на сите лоши работи и пор -оци кои ги носи неговата професија, музиката, и рече дека неговата професија воопшто не е лесна, а се присети и на неговите не толку лесни почетоци.

-Од Кичево сум одел со автобус да снимам во Тетово, снимам и со следниот автобус сум брзал за да се вратам“, рече Кичевченецот. „Жртвата е многу тешка“, рече Лозано.

Влатко зборуваше и дека е голем тремаџија и за тоа дека му треба доста време да се опушти на концерт.

Влатко рече дека првпат сфатил дека е познат после шоуто Мак ѕвезди, и зборуваше зошто никогаш не посегнал кон по роци.

– Нема потреба од такво нешто, се е психолошки момент. На р коти -кот е публиката, таа ти дава екстаза.

Реално како иднивидуа сум голем тремаџија. Денеска и да имам пет шест концерти, имам трема. Но, се опуштам после првата, втората песна,“, изјави Лозано во емисијата Еден на еден.

-Секогаш си имав некој ритуал сопствен. И моите колеги пред концерт ми зборувале- зошто вака си чуден? Кога имам некој важен настап, не сакам да сум со луѓе.

Сакам да појдам на некое место каде што сум сам, глдеам Нетфликс, и не мислам на она што следи. Не знам дали некому му успеало, на некој што е нервозен да му речеш: Не се нервирај!

Потоа Лозано зборуваше за својот голем концерт во салата Борис Трајковски кој се слули во 2019 година, а имаше околу 10 илјади луѓе во публика.

-На концертот во Борис Трајковки не очекував дека ќе има толку многу луѓе. И си мислев, може да се случат некои чудни работи.

На пример, ќе ми падне рефлектор, се сопнуваш, некои банални работи…“, зборуваше Лозано за своите стравови пред да излезе на сцена.

Во друго интервју за Женски магазин, музичката ѕвезда искометрира дали повторно би одел на Евровизија, но раскажа и за неговиот прекар- Лозано.

– Искрен да бидам и имам, но и немам добро искуство од Евровизија. Би сакал нормално повторно да ја претставувам Македонија, но само доколку имам добра песна и добри услови за работа, за да сепак го оправдам моето учество пред публиката“, рече тој.

Лозано секогаш пее песни кои допираат во срце, а една таква е Километри, која поради своите стихови е хит во дијаспората. Лозано сега испеа уште една слична песна која е посветена на љубовта, на реката Вардар и на Македонија.

Песната е веќе хит во дијаспората, и многумина се пронајдоа во неа. И во спотот, тој раскажува пелчабраска приказна, во еден кадар мајка му го испраќа од родниот дом. Лозано во неа вели:

Знам како е да немаш, знам како е да немаш, во ладни утра, сиви чувства и само празнина без крај.

Мој Вардаре ми кажи, колку ли криеш тајни, на луѓе приказни, тајни оловни, на дно заборавени.

Мој Вардаре, кажи ми, кажи Вардаре колку ли криеш во себе, вистини некажани. Кажи ми, кажи Вардаре, те молам кажи Вардаре еј со векови, колку ли солзи криеш ти,
колку ли солзи криеш ти.

Хеeеј, први бакнежи, тажни разделби. на дното ги чуваш Вардаре.

Браво мајсторе, секоја чест, ежење, се коментарите кои ги доби под песната, а еден од нив вели:

Прекрасна песна, како и сите други. Со секоја песна од ново не воодушевуваш, секоја чест, од добро подобро. Само продолжи така, ваков талент ретко се наоѓа на Балканот, а камо ли во Македонија.

Заслужуваш милиони и милиони прегледи. Јас сум ти верен фан, и ја имаш мојата поддршка. Е ова е за на евровизија, а не оној Васил“.

Новата песна на нашиот најпопуларен пејач, можете да ја слушнете ТУКА. 

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСвекрва ми ја снимив на камера за да му докажам на оној мојон каква мајка има
Следна статијаГи загубив мајка ми и најдобриот другар за една година: Познатиот пејач проговори за тешкиот период