Филипче предупредува: Имаме различна клиничка слика кај пациентите, сега е поинаку од порано

0

Премиерот Зоран Заев и Министерот за здравство Венко Филипче, денес на прес конференција најавија нови мерки, кои ќе важат во следните две недели, а во насока на намалување на бројот на нови позитивни и релаксирање на болничките капацитети.

Од утре стапува на сила полициски час од 20 часот до 5 часот, кој ќе трае до 20 април, во пресрет на затоплувањето, празниците, а со цел да ги одмориме здравствените работници, кои деноноќно се во битката за спасување на животите на пациентите, кажа денеска премиерот Зоран Заев.

Забрана за посетители гости во сите угостителски објекти, како и во угостителски објекти во хотели, мотели и на бензински станици. Оние кои вршат подготвка на храна, може да ја доставуваат преку онлајн или телефонски нарачки. Оваа забрана важи од 7 до 21 април.

Од утре се затвораат сите фитнес сали и сали за вежбање и кладилници, и се забрануваат семинари, конференции.

„Најновите тенденции кои ни се презентираа од епидемиолозите се дека британскиот сој на ковид-19 го зема својот замав“, рече Заев.

Вчера беа регистрирани уште 35 починати, како и нови 734 случаи на ковид-19 од направени 3.246 тестирања. Бројот на поч инати од почетокот на пандемијата достигна 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.

Во Ковид-центрите низ државата се лекуваат вкупно 1.720 пациенти, а од нив 699 се во Скопје, додека 1.021 во другите градови.

Министерот Венко Филипче во своето обраќање информираше за текот на вакцинацијата. Тој кажа дека имало два случаи на колапс, кои многу брзо биле рехабилитирани.

Министерот Филипче предупреди дека овој сој кој е сега доминантен е сосема различен од претходниот:

-Ако порано по четиринаесет дена пациентите се рехабилитираа и одеа дома, сега ситуацијата е поразлична. Клиничките слики се многу потешки, а влошување на состојбата доаѓа практично одеднаш, преку ноќ, рече Филипче.

Особено е поразително што во овој брај, со овој сој, се заразуваат сè помлади лица, кои завршуваат со хоспитализации, нешто што порано не се случуваше или се случуваше во помал број.

Поради тоа, се апелира на максимална будност и строго придржување на мерките, како би се пребродил и овој бран, беше заклучокот на премиерот Заев, министерот Филипче и заменк министерот за здравство.

Претседателот на комисијата за заразби болести, Жарко Караџовски рече дека сега се соочуваат со недостаток на медицински кадар:

-Медицинскиот кадар е уморен и сега, во овој бран се соочуваме со недостаток од персонал. Тоа е една од најголемите причини зошто ги носиме овие мерки. Мораме да го одмориме медицинскиот персонал, рече Караџовски.

Претходна статијаЗоки Фаци откри кој е неговиот бакнеж од милион долари (ФОТО)
Следна статијаПроф. Даниловски „Во Центар“ со прогноза кога ќе запре овој бран и што ќе се случува на есен (ВИДЕО)