Зоки Фаци откри кој е неговиот бакнеж од милион долари (ФОТО)

0

Водителот Зоран Васливески кој е познат како Зоки Фаци, се налути зошто на Инстаграм не му ставаат лајкови, па на оние кои го следат а не го лакјкуваат на Инста стори ги нарече „Клоша-ри провидни“.

Зоки тоа на овој начин го објасни:

– Кло-шари провидни. А тоа иде вака: Зоки, шо правиш? Абе, да не имаш илјадарче до први? Јас: Срцка, зашто ме игнорираш на Инста? И одма имаш 30 лајка…“, напиша Зоки.

 

Зоки – Фаци е познат естраден новинар, кој своја авторска емисија имаше на поранешната А1 телевизија, а особено беше активен и на пропаднатата 1ТВ, на Бојан Јовановски, со кого беа и приватно пријатели.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми. Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

-Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам.

Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата.

Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.“, рече тој.

Неодамна во интервјуто со Стефан Лазаров на Јутјуб, тој кажа: Работам во „Фламинго“, таму сум маркетинг и ПР, работам во „Ми каса“, работам на Инстаграм, свашта правам.

Минатата година, Фаци не само што ја напушти нашата држава, туку го напушти и континентот и замина далеку, во арапскиот свет. Имено тој уживаше во Обединетите Арапски Емирати каде што ужива во убавините на Дубаи.

Ниту ситуацијата со вирусот не го спречи Зоки Фаци да замине преку границите. Тој на својот профил на Инстаграм секојдневно објавува во каква убавина ужива.

Откако ги спакува куферите и тоа во поголем број и ја напушти Македонија, па со лет од Софија замина во арапскиот свет едноставно го споделува секој момент од престојот во Дубаи.

Зоки Фаци на Инстаграм постојано објавуваше што прави, фотографии и видеа од плажа, од хотелска соба, од шопинг, од ресторани, како шета. Нормално, тој со своите објави предизвика големо внимание, па има многу реакции од своите фанови и пријатели.

Сега повтоно реши да предизвика внимание, но на друг начин. Прво објасви постара слика, како ја интервјуира Северина, а потоа, кој е неговиот бакнеж од милион долари.

Тој објави слика како го бакнува Цеца и напиша: Бакнеж од милион долари.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСветлана Бојковиќ беше против овој политичар, а сега глуми негов симпатизер
Следна статијаФилипче предупредува: Имаме различна клиничка слика кај пациентите, сега е поинаку од порано