Ванковска: За жал, во оваа земја повеќе ќе ѝ веруваат на Баба Рада отколку на науката

0

Професорката Билјана Ванковска, во свој статус на социјалните мрежи, проговорува за фазата потоа, по пристигнување на поголема количина вакцини, за нешто со што се соочуваат многу држави од регионот, но и пошироко:

„Посакувам да не сум во право, но неодговорното однесување на владата и неснаоѓањето на другите служби (меѓу кои и медиумите), ќе доведе до скоро испливување на површина на широко распостранетите (а досега, повеќе или помалку, суптилни) теории на за говор околу вакцините.

Ќе се соочиме со бруталната вистина дека сме поделени и по ова прашање, а за една година здравствените власти не успеале да изградат стратегија за комуникација со јавноста и мерки за градење доверба.

Фото: Јутјуб принтскрин

Ова не е ни Израел, ни Британија, ни Кина… Таков народ сме: кога нешто нема или кога владата крахира во некој потфат тогаш се вика и се фрлаат дрвја и камења (главно на социјалните мрежи).

Но, кога ќе почнат редовно да стасуваат вакцините во наредните месеци, ќе има сериозен проблем околу нивното администрирање. За жал, во оваа земја повеќе ќе ѝ веруваат на Баба Рада отколку на науката.

Политичарите и натаму се прават дека „не се од овде“ и никој јавно да проговори за оваа тема од страв дека ќе изгуби гласови, кај не така мал дел од електоратот.

Се разбира: јас мислам дека вакцинирањето е прашање на личен избор и во консултација со лекар. Не верувам дека кампањи, некаков притисок или закани ќе успеат да го сменат јавното мислење, напротив – ќе создадат отпор.

Фото: Јутјуб принтскрин

Сега кога вакцините се сметаат за нешто што е во дефицит, а ситуацијата ни е реално драматична, ќе побрзаат да се вакцинираат токму оние кои предност ѝ даваат на науката и се свесни за колабираниот болнички систем.

За понатаму, моите очекувања воопшто не се оптимистични. Но, можеби се лажам… Од ова што го следам на ФБ страв ме фаќа од „стручњаци“ за чипирање, фармакомафија, 5Г, кемтреилс и сарин, итн. (Доволно е да проверите ФБ профил на најжестоките „познавачи“ на заверата околу вакцините.)

Фото: Јутјуб принтскрин

Многу се покреативни од нас, ковид-идиотите ваксери и експериментални глувци, тоа мора да им се признае.

Но, најперфидната работа е што се нагрнале со плашт на борци за човекова слобода – токму луѓе кои не се ни свесни дека од слободата се одрекле многу одамна.“

Фото: Јутјуб принтскрин
Претходна статијаПуштете ме од болница, дома да се упокојам во мир: Тозовац плаче секој ден
Следна статијаВодителката Цеце раскажа за тоа како го избрала името на синот и како ѝ е како мајка