Водителката Цеце раскажа за тоа како го избрала името на синот и како ѝ е како мајка

0

Водителката Цеце Тодосовска од „Телма“ телевизија веќе некое време не е активна на ТВ екраните, а причината е нејзината „Слатка обврска“ околу синот Бодан кој наполнил еден месец.

Цеце претходно за „Репортер“ изјави дека нејзиниот сегашен сопруг Столе ја побарал за жена во Охрид, а пред свадбата.

Таа направи необична моминска вечер, со другарките возеше кајак на Матка и се сместија во приватна куќа во која се стигнува само со кајче.

Старосват на свадбата ѝ беше Марко Марк, кој освен што ѝ е колега и е најзин најблизок пријател.

Цеце во една прилика зборуваше за проектот „Утринска на телма“, кој престана да се емитува во 2019 година, а беше една од од омилените програми на публиката.

– Мислам дека многу брзо публиката ја препозна нашата мисија, а таа е да шириме позитивна енергија и љубов во етерот. Брзото темпо на живеење си го направи своето, луѓето наоѓаат изговори дека немаат време за себе, а не па за пријателите.

За жал заборавивме како е да седиш со некој и да разговараш со часови, се изгубија вистинските вредности, во Македонија жалосно, но се се сведува на политика…

 

Oколу нас има тажни ликови… на сите ни треба убаво започнат ден, па затоа ние се трудиме да понудиме токму такви утра и луѓето барем на момент да ја почувствуваат убавата страна на животот“, изјави Цеце во интервју за magnetikfashionblog.com.

На крајот на минатата година, таа раскажа за тоа како се подготвува за улогата на мајка. „Кога дознав дека сум бремена, не бевме изненадени бидејќи тоа е нешто што и двајцата со Столе го посакувавме и очекувавме.

Бевме пресреќни, си го пуштивме нашиот омилен бенд Beach House и се изнагушкавме од среќа“, изјави Цеце за Женски магазин.

Верувам дека сè ќе си дојде на свое место откако ќе се роди бебето. Знам дека и двајцата ќе го дадеме нашиот максимум да бидеме посветени родители“, додаде водителката.

Цеце и нејзиниот сопруг се најсреќни, при крајот на февруари свет дојде нивниот прв син. Со стори на Инстаграм, за убавата вест се пофали сопругот, а водителката го шерна сторито и така и пријателите, а и јавноста дознаа дека им се родил син.

Според сторито што го објави нивна роднина, бебето има многу убаво и интересно име, тој се вика Бодан. Водителката пред извесно време покажа колку вистински ужива со своето семејство, таа објави слики со синот и со сопругот.

Таа на сликите изгледа многу убаво и свежо, и видливо е дека мајчинството и годи- водителката од „Телма“ целата блеска. Цеце во Женски магазин раскажа за тоа како ѝ било кога за првпат го видела својот син.

-Тон измешани емоции во тие први заеднички мигови, еден цел нов свет… Очиња кои штотуку го здогледаа светот, очи во кои секојдневно ја гледам смислата на животот, очи кои ме соголуваат емотивно“, рече таа и го искоментира името на синот.

-Инаку името Бодан беше заедничка одлука со сопругот Столе. Некако не освои “од прва”… Уште минатото лето сосема случајно го спомена еден наш пријател и некако почувствував дека тоа е тоа.

Тој период сè уште не го знаевме полот, но знаевме дека ако биде машко ќе биде Бодан. Потоа се обидувавме да имаме уште некој друг предлог за име, ама ниту едно не ни се допаѓаше толку многу како ова. Така победи Бодан.

Досега имавме и неколку прошетки во природа, ги искористивме убавите сончеви денови. Секојдневно се запознаваме сè подобро и подобро, деновите ни се буквално за уживање. Секако со некои мали исклучоци на непроспиени ноќи што се сосема нормални“, рече водителката.

Фото: Инстаграм принстксрин, Фејсбук проинстксрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВанковска: За жал, во оваа земја повеќе ќе ѝ веруваат на Баба Рада отколку на науката
Следна статијаКате и Трајче од „Соната“ се среќни родители, но за едно нешто многу жалат