Стевчо: Ми се јави пријател и ми вели вака: Изненаден сум од три работи

0

Овој викенд, сите патишта водат кон Србија. Таа нуди вакцини на странски државјани. Вчера на граничните премини имаше голема гужва, а во колони долги речиси километар, луѓето чекаа на граничните премини со Босна и Херцеговина, пишува Дневник.хр

Граѓаните од целиот регион масовно отидоа во Србија за да ја земат својата доза на вакцина. Реки луѓе ја чекаа вакцинацијата пред центарот во Белград. Многумина не веруваат дека наскоро ќе дојде нивниот ред во нивната земја, па затоа решија да ја искористат можноста што ја нуди Србија.

Србија исто така привлекува бизнисмени и претприемачи од целиот регион да се вакцинираат овој викенд. За нив, Стопанската комора таму обезбеди десет илјади дози вакцина.

“Вакцинацијата на наши пријатели од регионот не влијае на процесот на вакцинација во Србија. Овие вакцини се обезбедуваат преку Српската стопанска комора од посебен фонд, Коморен инвестициски фонд.

Значи, граѓаните на Србија имаат свои вакцини за кои оваа земја ги купила нив. Но, ние сакаме да им помогнеме на сите во регионот затоа што ја делиме истата судбина “, заклучи заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ.

Албанскиот авио-превозник „Албавингс“ утринава организираше два чартер летови од Тирана за Белград, со кој дојдоа граѓани од оваа земја во намера да ја примат вакцината против коронавирусот. Таа шанса ја искористи и кабинскиот персонал од оваа компанија.

Гостите од Албанија ги дочека заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, кој ја искористи шансата да направи неколку фотографии со нив.

Токму околу информацијата за соработката меѓу Стопанските комори, се осврна и лидерот на партијата Гром, Стевчо Јакимовски:

„Вакцини нема па нема. Но, Македонецот е чудна сорта и се самоорганизира. Граѓани наоѓаат српски телефонски броеви па преку нив се регистрираат, па други наоѓаат пријатели, роднини, а некои одат и на недоговорено и за големо чудо примени се и услужени од српските здравствени власти.

Се само организираа новинарите, а како нај многубројна испадна Стопанската комора. Еден мој пријател ми кажаa дека задоцнил со пријавувањето, па дополнително го замолил Претседателот на Стопанската комора, господинот Бранко Азески, ако може да бидат ставени на списокот.

Денес пријателот ми се јавува и ми вели изненаден сум од три работи:

Прво од Стопанската комора. Kога им ги испратив копиите од пасош и мејлот во рок од петнаесет минути ми испратија маил порака, каде и во колку часот да се вакцинирам.
Второ изненадување беше во Ниш.

Кога стасав на Чаир во Ниш, имаше две колони, едната колона беше со сите што дошле на ненајавено да се вакцинираат, а втората беше од Стопанска комора. Тој вели немам зборови за организацијата на нашата Стопанска комора.

Третото ми беа српските лекари и медицински персонал. Најчести беа зборовите: „Добро дошли брачо Македонци, изволте“, но нај многу бев изненаден од зборовите „ Хвала на ваше поверење“.

Па си велам, кажува пријателов „Какво бре хфала на поверењу“, место ние до земја да се поклонуваме и да дојдеме и со бакшиш, уште вие ни се заблагодарувате.

Вели, среќен сум што после толку месеци во два дена ми се случија толку убави нешта, од оние од кој не сум очекувал.

На крајот јас само ќе додадам дека Стопанската комора е најстарата институција во Македонија и без малку брои 100 години. Браво за Бранко Азески и неговите колеги.“

Претходна статијаБранко го обожуваше Зафир, а Заев се прости од него со овој цитат (ФОТО)
Следна статијаПроф. Трајковски: Потребно е енергично притискање на сопирачката – пикот ќе биде подоцна од што се очекуваше