Бранко го обожуваше Зафир, а Заев се прости од него со овој цитат (ФОТО)

0

Утрово од Белград пристигна тажна вест, која ги разжалости Македонците, особено оние од постарата генерација. Засекогаш си замина Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач и композитор. Зафир по-чина како последица од вирусот, на 77 годишна возраст.

Зафир беше многу почитуван поет и текстописец. Има напишано многу шансони и балади базирани на стиховите на српските и македонските поети. Се бореше за зачувување и популаризација на старите македонски народни песни.

Синот Васил, познатиот џез музичар, на својот Фејсбук профил се прости од својот татко:

Татко ми Зафир почи-на денес. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа стра -шна бол-ест.

Зад себе остави вистинско богатство, од песни што толку маестрално ги пееше, преку неговите бројни и разновидни композиции, книги со поезија и проза, сè до ненадминливите улоги во театарот и филмот.

Но, пред и над сето тоа, тој секогаш несебично ја даваше својата огромна љубов, внимание и поддршка на своето семејство и најблиските.

Сенка и тој беа еден од најталентираните и најубавите парови во историјата на овие простори. Ненадминати!

Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде и да застане на нозе во секоја ситуација, енергијата секогаш да прави се што прави со целото свое битие, и додека прави сè во исто време за да биде врвен шмекер … тоа мора да се памети! Да се памети и да се почитува!

Те сакаме тато и ќе ни недостасуваш засекогаш! Ви благодарам на сите за зборовите на поддршка“, рече Хаџиманов.

Денеска многумина се збогуваат со Зафир Хаџиманов со стиховите „Љуби ме, и главата горе“, а меѓу нив е премиерот Зоран Заев.

Токму таа песна беше дел од една од кампањите на СДСМ за парламентарни избори. тогаш на чело на партијата беше Бранко Црвенковски, кој во младоста ги обожувал музиката и делото на Зафир Хаџиманов.

– Со длабока тага ја примив веста за смртта на Зафир Хаџиманов.
Замина голем човек на кој сцена му беше целиот негов живот.

Како музичар и естраден уметник, како филмски глумец и шоумен остави песни за паметење и оживотвори впечатливи ликови на филмското платно.

Годините не го запреа за да ги растегнува своите граници како уметник кој експериментираше со мултимедијални дела, со поезија и прозни записи.

Во нашите срца и сеќавања засекогаш ќе останат неговиот ведар лик и дух кој инспирираше и радуваше. Замина, а зад него остана ехото на стиховите:

Многу дни пребродивме ние, како чун на немирно море, насмеј се на ветрот што бие, љуби ме и главата горе, насмеј се на ветрот што бие љуби ме и главата горе“, напиша Заев.

Фото: Јутјуб принтскрин. Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЕј што дочекав, брат ми роден да не ме викне на софра
Следна статијаСтевчо: Ми се јави пријател и ми вели вака: Изненаден сум од три работи