Стефан од Некст тајм ѝ честиташе роденден на драга личност: Те сакам до месечината и назад

0

Мартин и Стефан, познати како „Некст тајм“ ја претставуваа Македонија на „Евровизија“ во 2009 година со песната „Нешто што ќе остане“ во Москва. Песната остана да се пее како хит иако близнаците не влегоа во финалето.

„Популароста е минлива работа на македонската естрада и многу ми е криво што популарноста го победува квалитетот моментално.

Можеби грешам, но би сакал луѓето да се насочат повеќе кон квалитетот а не кон популарноста.

А се појави некој нов сите кубат коси за него. Кубеа коси и за нас, тоа е супер, но јас апелирам да се свртат кон квалитет, а не кон нови и популарни лица кои имаат само квантитет во нив.

Она што до ден денес сме го постигнале, сме го постигнале благодарение на Мартин и Стефан, благодарение на нашата мајка, нашата фамилија.

Се друго било мачкање очи во јавност. Јас сум убеден дека во Македонија нема менаџер кој ќе ти најде инвеститор.

Тие продукции не вложувале во нас, само давале информации за нашата кариера по медиуми и толку.

Ги имаме контактите со новинарите што малку ни го олесни патот кон успехот, но главниот збор треба да го има квалитетот, финансиите и среќата.“, имаат изјавено Мартин и Срефан во едно интервју за „Точка“.

Последниве години, тие се познати како модерни комити, откако ги преработуваат македонските традиционлани песни. Вистински бум направи „Ја излези Ѓурѓо“, потоа и „Слушам крај шумат шумите„, а подоцна и „Нешто ќе те питам бабо“.

Последната нивна преработка е „Јовка кумановка“. По овој спот, многумина од вас се запрашаа која е прекрасната девојка која го толкува ликот на Јовка?

Која е убавицата која ја доби улогата на главната хероина од приказната во визуелизацијата на режисерот Огнен Шапковски за видеото на „Некст тајм“?

Одговорот стои напишан уште на најавниот промотивен плакат за спотот, а на него името на Викторија Пеовска. За оние кои го следат спортот, особено оној, најтрофејниот во Македонија, нејзиното име не е непознато.

Таа е ракометарка на женската екипа на ЖРК Куманово и македонската ракометна репрезентативка.

Уште една жена многу заслужна за среќата и за успехот на Мартин и на Стефан, но и на нвниот брат, Филип Филиповски.

Тоа е нивната мајка Сузана. Стефан неодамна објави семејна слика од браќата и од мајката за која многупати имаат кажано дека е нивниот идол и херој.

За Мартин е познато дека е во врска со ракометарката Андреа Белеска со која често објавува слики од разни места каде што го поминуваат времето заедно.

За Стефан, естрадниот магазин Бекстејџ објави дека е во врска со манекенката Маја Ристеска, која беше мажена за фудбалерот Јован Костовски и живееше во Белгија.

Маја и Стефан објавија една заедничка фотографија и не ја коментираа во јавноста.

Стефан, денеска ѝ честита роденден на уште една убава девојка, за која не е познато дали му е само пријателка или нешто повеќе.

На девојката, која на Инстаграм ѝ честита роденден се вика Гвенодлина Протуѓерова а на Инстаграм е потпишана како Розевко. „Среќен роденден Розевко, те сакам до месечината и назад“, вели Стефан.

На профилот на Гвендолина, има една фотографија од Стефан на кој таа го нарекува брат, така што најверојатно се работи само за добро пријателство.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаНа 94 години вози автомобил : Познатиот српски актер во тешка состојба
Следна статијаШо може жена да ти направи, никој не може: Живеам во Шведска, отидов во Охрид на одмор и ја запознав Анита