Спасов: Олабавете „чистунци“ – Васил е одличен и срамота би било повлекување од Евровизија заради неколку неразумни врескачи

0

Македонската радио телевизија, на 20 јануари оваа година, официјално објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија.

Тој минатата година беше избран за да ја претставува нашата држава на Евровизија, но поради пандемијата со коронавирусот настанот се откажа.

– Според јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев, се вели во соопштението од МРТ.

„Ретко кога во животот добиваме не само една, туку ТРИ шанси да го оствариме нашиот сон. Во 2019 година гордо стоев зад Тамара; во 2020-тата година ти посветив сè – но Ковид рече не! Во 2021 го користам моето лично патување и приказна за да го ставам срцето во ваши раце преку мојот глас.

Никогаш не престанувајте да верувате, да сонувате и да се борите за она за што се залагате во животот. Соништата навистина се остваруваат!

Благодарен сум за вашата постојана поддршка и едвај чекам да го споделам она што го планираме како македонски тим. Подобро е да бидете подготвени за ова“ , напиша Васил Гарванлиев под објавата на неговиот официјален Инстаграм профил.

Оваа година Евровизија ќе се одржи традиционално, со две полуфинални и едно финале 18, 20 и 22 мај повторно во Ротердам, Холандија.

Но по објавувањето на спотот за песната пред неколку дена, а особено по едно негово интервју во кое соопшти дека поседува и бугарски пасош, лавина од реакции на социјалните мрежи и медиумите.

Фото: Јутјуб принтскрин

Во спотот се појави кадар од муралот на Жанета Вангели, во кој многмина го препознаа бугарското знаме. Ситуацијата отиде дотаму, што се бара и откажување на нашата земја од Евровизија.

Гарванлиев пред неколку дена, на социјалните мрежи напиша:

„Иако со евровизискиот спот имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели.

Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години.

За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучивме да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него. Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера.“

Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме така и ќе остане. Ве сакам, Васил.

Еден од онир кој го зеде во одбрана Гарванлиев е професорот Ѓорѓи Спасов:

„Олабавете “чистунци”. Васил Гарванлиев има извонреден глас и е одличен уметник во својата област.. Секоја држава во светот би била среќна да го има за свој претставник на Евровизија.

Нека пее и нека заборави за момент на сите бугарски националисти и македонски квазипатриоти. Ќе ја претставува државата која единствена во светот го содржи зборот Македонија во своето име за што се изборивме.

А ние “да се ослободиме од нашите стравови и да бидеме умерени во нашите ставови” како што вели Јувнал во неговата најнова книга. Најголем срам за нас како земја и нација би било повлекување на нашата кандидатура заради неколку неразумни врескачи.“

Претходна статијаПејачката Дани се побуни за своите работнички права
Следна статијаСе тркавме со луѓето, кој каде отпатувал, кој колку потрошил, кој каде бил: Македонка одржа лекција на Фејс