Пејачката Дани се побуни за своите работнички права

0

Дани Димитровска е една од најспецифичните појави на нашата естрада. Со својата виткана коса која порано беше црвена, Дани предизвика внимание уште на почетокот од кариерата.

Дани има испеано многу хитови, а има добиено и MTV награда, за најдобра регионална ѕвезда.

Таа секогаш има интересни пораки за споделување, било на своите Инстаграм профили, или во своите песни. Во една песна, Дани порача: „Јас не живеам за другите“.

Токму затоа, пејачката е толку своја и по малку бунтовна. Дани е мајка на Лазар кој има 20 години и студира во Холандија.

Дани, по разводот и по неколку долги врски, сега е во љубов со Весел, кој е поранешен кошаркар, и заедно живеат.

Дани секогаш има интересни видувања за многу нешта, а еве едно кое го напиша во времето кога најверојатно повеќе е дома:

За сонцето во коса во време на пандемија, за разговорите со себе во време кога никој не е свртен во правецот навнатре, за трпението во време на нетрпение, за љубов во време на омраза, за музика во време на површност, за длабочина во време на прљавштина, за жолто во време на сиво… живели за денес“.

Дани беше редовна гостинка на „Златна Бубамара на популарноста“ која минатата година се одржа пред да почне пандемијата, а годинава ќе се одржи пандемиски, само како ТВ пренос, и е одложена.

На Бубамара, таа настапуваше заедно со Кирил Поп- Христов- Кили, и имаа интресни заеднички точки.

Кили е сега на Еквадор, а на Дани изгледа дека и фалат тие денови па сподели слика со него на која напиша:

„На денешен ден пред три години… мој Кили. Дани во новиот пост се побудни протов своите работнички права.

– Ни велат дека музичарите не биле во системот. Тоа значи невалидни сме. Непостоечки.

Штом не сме во системот значи немаме работнички права. А на секој музички работник и тоа како му е во прилог да биде легитимен и пред себе и пред систем.

Од осамостојување до ден денешен, правата и одговорностите на работникот со професија сценско-музичка дејност, не се решени.

Музиката е професија. А на маргините е. А култура е.“, напиша таа. На ова ѝ одговоди Владимир Блажев- Панчо:

– Дано и со право викаат дека не сме тоест не нема во систем. Кој самостоен музичар е пријавен сам и плаќа здравствено и пензиско, кој плаќал данок и има своја фирма или пријавува данок на крај на година како трговец поединец?

Државата е факт крива ама не дека ние сме цвеќиња за мирисање. Ја тврдам дека од сите на куп 20% се максимално пријавени , може ни толку“, рече Панчо.

Фото: Инстаграм принстскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаКарлеуша и Шерифовиќ се скараа, еве ја причината
Следна статијаСпасов: Олабавете „чистунци“ – Васил е одличен и срамота би било повлекување од Евровизија заради неколку неразумни врескачи