Сека: Кај свекрвата морам да се јавам за да му каже на маж ми како да се понаша со мене

0

Српската пејачка Сека Алексиќ (38) е мајка на двајца синови, поголемиот Јаков (4) и помладиот Јован, кој го роди пред една година.

Дека Сека е навистина посветена мајка, но и дека се труди максимално да ги задоволи своите синови, докажуваат и фотографиите кои пејачката секојдневно ги споделува на својот Инстаграм профил.

Не е тајна дека фолк-пејачката Сека Алексиќ успеа да го оствари својот најголем сон – да изгради „замок“ далеку од очите на јавноста, во кој ќе ужива со своето семејство.

Токму затоа, Сека, која е голем верник, не заборава секојдневно да му се заблагодри на Господ за се’ што ѝ овозможил во животот, а и да им посака мир и благосостојба на сите луѓе.

Неодамна таа тоа го стори од својата приватна „џунгла“, поточно од градината во вилата во Стара Пазова, позирајќи во едноделен костим за капење. Таа во својата приватна палата неодамна вложи нови 10.000 евра.

Имено, Сека долго размислуваше на овој потег, и на крајот се одлучи за сауна со средна големина, која е направена од најфини материјали, пишува „Ало“.

– Со години Сека се грижеше за својот физички изглед и здравје. Бидејќи одамна изгради сала за вежбање во својот дом, долго време размислуваше за инсталирање на сауна, заради сите здравствени придобивки што ги има.

Неодамна, таа реши да ги реализира своите планови – изјави извор близок на пејачката за „Ало!“.

– Сека се одлучи за сауна со димензии 2х2м2, во која може да се сместат четири лица, колку што има нејзиното семејство – изјави извор за гореспоменатиот весник и посочи дека пејачката не заштедила пари за својот спа дел.

– Таа бараше да биде изработена од најскапо дрво, германска опрема, професионални врати …

Она што го побара Сека чинеше 10 илјади евра, но цената не ѝ претставуваше проблем.

Таа веднаш плати аванс на компанијата што ја инсталираше сауната, а неодамна го доби готовиот производ.

Самото производство траеше околу еден месец“, додал изворот. Пејачката откри како се релаксира со сопругот Вељко Пиjикиќ.

– Тој е човек кој сака да се напие вино. Се опил неколку пати во животот, а исто и јас. Правевме приватни забави кај нас дома, пееја разни парови, тука беше Адил, Слаѓа – изјави Алексиќ.

– Се зезнав еднаш, па се вклучив во живо на Инстаграм, бев пи јана. После, тие ми рекоа дека кога пи јам, гушкам, се бакнувам, сите ми се браќа и сестри.

Сите тие ми се семејство – додаде Сека. Таа признава дека не е лесно да се живее со тројца мажи, но и дека сака да го прошири семејството.

– Тешко е да се живее со тројца мажи. Понекогаш јас ѝ се јавувам на свекрвата за да го потсети маж ми како треба да се грижи за жената.

Се шегувам, супер е. Барањата за готвење се различни. Би сакала да имам уште едно момче и девојче, ако даде Господ – рече таа.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПоранешната претседателка Колинда раскажа како и е на новото работно место
Следна статијаЈа изневерив жена ми со 29 години помлада, сакам и бебе со неа: Познатиот пејач призна