Се огласи Сефер Цаноски и проговори за Торбешите

0

Сефер Цаноски е син на лидерот на партијата ПЕИ, Фијат Цаноски, партија која во минатото пледираше пред сè на гласовите на Македонците муслимани, кои во голем дел, живеат во Реканскиот крај.

Сефер Цаноски синоќа на својот профил на социјалните мрежи, упати повик до своите сограѓани да не бојкотираат, туку масовно да се попишат на пописот кој е во тек, овој месец за оние кои живеат во дијаспората, а следниот и во Македонија:

„Торбешите се Македонци-муслимани, кои говорат на македонски јазик. За некого Терминот „Торбеши“ во некои случаи има негативна и погрдна конотација.

Специфични по неколку особини и познати како вреден и чесен народ. Тажна е судбината на овие наши луѓе ако се погледне низ минатото.

Во историјата многу фамилии се отселени, претежно во братска Турција во Европа и Америка. Низ истите региони и ден денес ќе најдете полупразни села. И ден денес со светлосна брзина, овој народ се иселува или сака да се отсели.

Порано можеби причините и околностите биле различни. Денес и многу од нив слични. И не дека нешто ќе се промени во оваа насока за брзо време, но овој народ има можност да го исполни Аманетот на генерации и да биде почитуван и каков што е, признат или свој на своето.

Тој сон според мене може да се исполни само и само ако ги има стокмено и во една графа се попишани како:( торбеши/ помаци/ горанци/ мак. Муслимани, туркбаши и сл.), називи кои карактеризираат една и иста група на народ со специфична различност и со карактеристична посебност во делот на обичаи, носии, култура – од дримкол до Гора и од Дојран до Река.

Народ кој говори чист македонски јазик, голем дел зборува турски и албански јазик, народ кој бескрајно си ја сака својата татковина.

Во Македонија живееле моите предци, јас живеам и планирам да живеам, и се надевам дека моите идни генерации и натаму ќе живеат, креираат и работат овде во нашава земја.

Сите сме исти и сите сме различни, но за мене има два типа на народ : Оној кој не се држи заедно и сака да види црнила и песимизам, и оној кој знае како да се држи заедно и гледа со светлост и перспектива.

Слобода на изразување, правдата и реален попис на населението се предвесници дека промените се случуваат, и почеток кон Европски или поцивилизиран пат кон иднината.

Не бојкотирај! За прв пат имаш шанса. Биди – Свој на своето“, напиша Цаноски во своето образложение на профилот на социјалните мрежи.

Претходна статијаМирко Шијан и Бојана Родиќ го открија полот на бебето
Следна статијаНеимунизирано дете е заштитено како имунизирана баба