Прија се пофали со новите штикли, чинат повеќе две просечни плати

0

Младата пејачка Александра Пријовиќ важи за една од најстилизираните дами од регионалната јавна сцена.

Пријовиќ доминираше на една од фотографиите на социјалните мрежи. Пејачката се облече целосно во црно, а особено внимание привлекоа нејзините хулахопки.

Таа позираше во црн фустан, облече салонки и сè поврза со необични чорапи за кои се зборуваше на социјалните мрежи. Веднаш следеа коментари за атрактивниот стил.

„Чорапите се врвни“, „Убава во црно“, „Лејди“, „Овие чорапи се поскапи од мојот автомобил што го поседувам“, „Сензуални“.

Ова се само дел од пофалбите што Пријовиќ ги доби на сметка на предизвикувачката комбинација.

Сепак, иако многумина сметаа дека чорапите на Прија чинат многу, може да се најдат по цена од 20 евра.

Александра Пријовиќ, која неодамна се најде во центарот на коментари токму поради брендираните чорапи, реши на својата публика да и подари два нови сингла.

Според медиумите, тие ќе чинат дури 70.000 евра.

Сè треба да биде подготвено до летото, пејачката се надева дека дотогаш ќе се смири ситуацијата со вирусот.

Пејачката планира да снима видеа на неколку егзотични дестинации, вклучувајќи ги, наводно, Малдивите, каде што не работел никој од нејзините колеги.

Извор близок до Пријовиќ откри дека песните наводно треба да бидат објавени на лето, но и дека пејачката подготвила нешто што досега не е видено на домашната сцена.

Александра Пријовиќ ги воодушеви своите следбеници со комбинацијата облека на социјалната мрежа Инстаграм, но и сите што ја очекуваа на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“.

Пејачката позираше пред вратата на автомобилот во комбинација со бела облека што ја истакна нејзината извајана фигура, а комплетниот впечаток се доби со златен ѓердан.

Заедно со белата јакна и панталоните, Прија облеќе и чевли во иста боја, од марката Saint Laurent, а нивната цена е вистинска „ситница“.

Познатите чевли се украсени со иницијали на познатиот дизајнер, а чинат скоро 1200,00 евра, повеќе од две просечни плати во Србија, пишуваат белградските медиуми.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаНоне и Дејан под рака на плажа на Канарските острови (ФОТО)
Следна статијаЛила ужива во Истанбул со ликовите од турските серии