Париз оди во карантин – објаснето во колкав радиус можат да се движат жителите

0

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер им додели Орден за заслуги на основачите на Бионтек за нивниот придонес во сзубивање на коронавирусот. На церемонијата присуствуваше и канцеларката Ангела Меркел.

До пред една година речиси непознати, двајцата медицинари Озлем Туречи и Угур Шахин денес се славени во цел свет. Со причина – тие создадоа вакцина ефикасна не само против првичниот коронавирус, туку се чини и против британската и јужноафриканската варијанта, со која спасија илјадници човечки животи.

Денеска на брачната двојка им е доделен Орден за заслуги на Сојузна Република Германија. Орденот за заслуги е признание кое има осум степени, она кое го добија Туречи и Шахин е на средината на скалата по важност.

Од 1951 година наваму ова одликување го имаат добиено преку 260.000 луѓе. Тоа претставува единствено општо и со тоа и највисоко признание кое Германија го доделува за заслуги за заедничко добро, пренесува Дојче Веле.

Бројот на нови случаи на зараза со корона вирус во Германија повторно се зголемува. Ние сме во третиот бран на пандемија, рече германскиот министер за здравство Јенс Шпан на вчерашната прес-конференција.

Потпретседателот на институтот „Роберт Кох“, Ларс Шаад, исто така, истакна дека земјата е погодена од сè поголем број на нови инфекции, особено кај оние под 50 години.

Властите додадоа дека позаразниот британски вид на коронавирус претставува три четвртини од позитивните случаи во Германија, пишува ЗДФ.

„Излезот од пандемијата е вакцинирање. Седум милиони жители ја примија првата доза”, рече Шпан, залагајќи се за продолжување на вакцинацијата со „АстраЗенека“. „Сè уште нема доволно вакцини во Европа за да се запре третиот бран“, додаде тој.

Германија во четвртокот го потврди најголемото зголемување на новозаразени во последните два месеци. Потврдени се вкупно 17.504 нови случаи, што е најголем дневен раст од 2 јануари, објави во четвртокот институтот „Роберт Кох“.

Во изминатите 24 часа е потврден бројот на 227 упокоени случаи, при што поч инаа 74.132 лица од почетокот на пандемијата, а бројот на заразени во Германија досега е 2.612.268.

Речиси секој трет жител од 67 милиони луѓе во Франција е погоден од заострените мерки. Но ова затворање ќе биде помалку строго од претходните карантини.

Во 16 административни региони престануваат да работат сите продавници кои не се потребни, но книжарниците и продавниците за музички инструменти можат да престанат со работа. Учениците можат да одат во училиштата. На луѓето им е дозволено движење, но само во радиус од 10 километри од местото на живеење.

Ситуацијата во поширокиот париски регион е особено загрижувачка. Пациентите се префрлени во болници во другите делови од земјата поради недоволен број кревети во одделите за интензивна нега.

Бројот на нови зарази на 100.000 жители за една недела се искачи на 450 во регионот на Париз.

„Ја знаеме причината за третиот бран: доаѓањето на таканаречениот британски сој кој сега сочинува речиси три четвртини од заразата“, кажа францускиот премиер Жан Кастекс. „Овие мерки може да се продолжат на други делови од земјата“, предупреди тој.

Освен на Париз, новите мерки се однесуваат на неколку региони на северот како и на регионот на Ница.

Претходна статијаБранко Црвенковски: Жалам што не успеав, само Бог ми е сведок колку многу сакав да ве доведам до победа
Следна статијаД-р Нико Беќаровски: Клинички центар стана еден голем стационар – се пополнуваат последните слободни легла