Огнен Здравковски во друштво на згодна докторка (ФОТО)

0

Пејачот Огнен Здравковски убавото време го користи за да се прошета во природа, во Градскикот парк.

Тој објави слики со својот миленик и напиша: Сончев ден со мојата Лара.

Огнен кој во Србија и пошироко се прослави по учеството во „Звезде Гранда“, и откако настапи со својата мајка Софче во шоуто „Никад није касно“, неодамна беше повторно во Белград.

Огнен објави фотографија со познатиот пејач, срцекршачот на женските срца, Саша Ковачевиќ и напиша: Братот најубав, Саша Ковачевиќ.

Пејаачот е многу погоден од загубата на својот вујко, познатиот музичар и професор по виолина Зоран Џорлев, кој на први јануари годинава ја изгуби животната битка.

Џорлев се упокои откако му се откачил тромб, а беше заболен и од корона вирусот.

Тој последните денови од животот ги помина на Инфективната клиника во Скопје. Неговите најблиски се надевале на подобро, но Џорлев за жал не успеал да се опорави.

Веста за неговото заминување прв ја објави токму неговиот внук, Огнен Здравковски. Огнен летово се избори со вирусот, како и неговата мајка Софче.

– Македонија денес изгуби многу голем и значаен човек, човек со огромно срце и огромна и чиста душа…

Мојот најголем идол, мојот животен ментор, мојот втор татко, мојот МАЕСТРО, моето се…. Зошто…? Зошто волку рано, не се договоривме вака…?

Не знам што, а и не можам ништо друго да напишам во овој момент, само ќе ќажам дека од денес мојот живот никогаш нема да биде ист…ЌЕ ТЕ САКАМ ЗАСЕКОГАШ, ИМАЈ ЦАРСТВО НЕБЕСНО“, напиша Огнен тогаш.

Огнен, сите свои настапи оттогаш му ги посветува на својпт вујко, и често на социјалните мрежи пишува колку му недостасува.

Со неговата неодамнешна објава, тој својот вујко го зачува од заборавот, тетовирајќи го неговиот лик на неговата рака.

– На едно овековечување кај дечкото со златните раце Симон Капчев! Фала ти најмногу за прекрасниот портрет!

Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене… До следно видување!!! “, напиша Огнен.

Здравковски и викендов го користи убавото сончево време за прошетка и за дружење, а освен во убавото време, тој ужива и во убаво друштво.

Огнен закачи стори со згодна блондинка. За неа само знаеме дека се вика Мартина и дека е студентка по медицина, но работи и како модел.

Мартина глумеше во новиот спот за Огнен за песната „Љуби ме“, која ја промовираше во август минатата година.

Дали Огнен и Мартина се само блиски пријатели или пак нешто повеќе од тоа, го чекаме да им открие на своите обожавателки.

Фото: Инстаграм принстксрин

Претходна статијаГаздата ми се развика зошто ми падна ајнцерот – сето тоа го виде и слушна гостин кој потоа ми го смени животот
Следна статијаДознав дека маж ми фатил шваљерка: Тогаш јас му се вратив дома со размачкан кармин и сè се смени