Најмногу се попишале нашинци во Швајцарија и Германија – пописот нема да биде прекинат

0

Гаранција дека нема да има потреба од одлагање е строгиот протокол, кој што се запазува, како и соодветната обука на попишувачите и пописните тимови. Граѓаните и попишувачите ќе бидат заштитени.

Фото: Јутјуб принтскрин

Целот фокус на Владата е во таа насока, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови.

Фото: Јутјуб принтскрин

Сите одлуки, посочи Арсовски, Владата ги донесеува врз основа на став на Комисијата за заразни болести, кој се разгледува на главниот Координативен кризен штаб, од каде заклучоците одат на седница на Влада.

–Апсолутно ќе се следат препораките на Комисијата за заразни болести, како и за многу други случаи во однос на безбедносни ризици. Во овој момент сите сили се насочени кон тоа да се почитуваат протоколите и да се реализира пописот, изјави Арсовски.

Прашан дали Владата размислува за нов Закон со кој би се одложил Пописот, доколку од која било причина дојде до таква потреба, Арсовски, повторно нагласи дека сите капацитети се насочени кон спроведување на пописот и дека неговиот успех го гарантира методологијата и здравствените протоколи.

–Граѓаните и попишувачите ќе бидат заштитени. Целиот фокус на Владата е во таа насока, изјави Арсовски.

За можноста за одложување на пописот поради растот на бројот на новозаразени, Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика, укажа дека ДЗС не е тој што може да побара или да даде препорака за тоа и дека работи по утврден план и протоколи донесени од Владата.

–Се додека не се донесе некоја поинаква одлука ние ќе ги почитуваме постоечките рокови, кои ни се зададени. ДЗС не е тој кој треба да побара одложување, сепак има надлежни инстанци кои ја оценуваат генерално состојбата во државата, изјави Ѓоргиева.

Самопопишувањето на дијаспората продолжува и се одвива без проблеми, а отстранети се сите технички проблеми. Досега се попишани над 82 илјади наши сограѓани од странство. Најмногу од Швајцарија – 26 илјади, Германија – 19 илјади и Италија со над десет илјади самопопишани граѓани.

Завршени се обуките на државните инструктори, кои заедно со комисиите на пописните региони ќе го организираат тестирањето на кандидатите кои се пријавуваат на дополнителниот Конкурс за попишувачи, кој е отворен до утре.

Попишувачите ќе имаат можност да заработат хонорар и до 35 илјади денари и ќе бидат на терен од 1 до 21 април годинва. Најголем од досега пријавените се студенти и невработени.

Ова го порача на заедничка прес-конференција за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови, портпаролите на Владата на Република Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.

Претходна статијаБеше најголемата ѕвезда во ЈУ, избега од славата, го загуби сопругот, но успеа во Америка: Ја паметите ли оваа девојка?
Следна статијаЉубчо: Луѓе кои и мислеа добро на Македонија на времето предлагаа трампа на територии