Јоци: Ех бе СДСМ, Ивона која е школа на Латас ве изработи ко нива, ве напраи руска салата

0

Состојбата со пандемискиот вирус кај нас, како и во поголемиот дел од Европа, е променлива. Моментално сме во таканаречен трет пик, бидејќи бројот на нови позитивни секојдневно е во пораст.

Во една таква ситуација, во земјава нема дози на вакцини, проблем со кој се соочуваат и далеку поразвиени држави од нашата. Но сепак, кај нас ситуацијата на овој план е се чини најлоша.

Денес премиерот Заев и министерот за здравство Филипче, најавија дека вакцините би требало да стигнат при крајот на овој месец, а во текот на април би се спроведувала масовна имунизација.

Во меѓувреме, наши луѓе се снаоѓаат на тој начин што одат во соседна Србија, која е лидер во регионот по залиха на дози и имунизирано население. Па така, вчера 105 медиумски работници од С. Македонија беа вакцинирани во Институтот за јавно здравје во Врање.

Ова беше резултат на барањето на Здружението на новинари на Србија и на Македонската асоцијација на новинари, кое беше усвоено од раководството на Србија, објави „Bizlife“.

Македонските медиумски работници дојдоа организирано во Врање со автобус или автомобил и 105 од нив ја примија првата доза на Астра Зенека.

„Не биравме, кажавме што имате – дајте и ќе бидеме среќни, бидејќи македонската држава и влада за жал не успеаја да обезбедат буквално ниту една доза вакцина за да го заштитат дури и медицинскиот персонал“, изјавила претседателката на Македонска асоцијација на новинари, Ивона Талевска.

„Ова е најквалитетната и најсмислената акција што ја направивме заедно и сигурен сум дека ќе има такви активности во иднина, во врска со безбедноста на новинарите и работничките права на новинарите. Впрочем, само заедно можеме да се избориме за што подобра положба на нашата професија“, рече претседателот на Здружението на српски новинари, Владимир Радомировиќ.

Ваквиот потег на нејзината колешка Ивона Талевска, го прокоментира Јорданка Ивановска Јоци и ја пшредупреди власта дека води погрешни политики:

„Зема Ивона ја напраи Влада’а руска салата. Ех, бе, СДСМ. Гласајте вие по штабови и прајте селфија. Ивона, ве напраи ремпере – носи 105 новинари во земја која не е членка на НАТО. Акцентот е на ,,новинари” кои формираат јавно мислење во куп медиуми во Македонија.

Така е тоа, ќе наполниш бус со 105 новинари и ќе ги однесеш у Врање како од шега, хехехе… Гарант у бус ја пееле онаа песнана ,,има нека тајна српска веза”. Така ваљда одеше песната… мислам… хехехе…

А, беее…ката строфа сте СДСМ. Ве изработи Ивона ко нива. Џабе ви е власта, се бавите сами со себе, со ега, со суети, со дворски игри, проценти, не гледате подалеку од носот, не соработувате на ниво на задача…

Сето ова, док земјава е таргет на ,,ковид на пади” и страда невин народ. Да не заборавивте дека Ивона е другарка на Наташа на Орце, стипендистка на БЦ во Солун и школа на Латас кој е мастермајнд за вашине шо јадат буреци у аналитички центар?

Хехехе…тапа џонсон сте! Опрајте се. Ако уопште знаете како…“

Претходна статијаЈа повикувам жената поради која се степав и бев заљубен во неа да ми се јави: Легендарниот екс ју пејач со апел
Следна статијаТијана си ја избричила главата, за тоа постои силна причина (ФОТО)