Игор Александров од Австралија бара дуел со Љубчо: Не сум историчар, но не е ни тој

0

Игор Александров од Австралија на својот профил на социјалните мрежи ги искоментира изјавите на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и побара дуел со него:

Фото: Јутјуб принтскрин

„Гледам некои навидум чесни луѓе зборуваат дека требало со историски аргументи да му одговориме на Љубчо за неговите толкувања на историјата. Да ги прашам сите заедно:

-Кој авторитет е Љубчо ГЕОРГИЕВСКИ за историја или било која наука за да заслужува повеќе внимание од Каракачанов, на пример?

-Зошто Љубчо заслужува сериозно внимание кога е појасно од бел ден дека нечесно и селективно изнесува и толкува наводни историски факти?

-Со кој образ обвинува други дека вовеле ‘антиквизација’, упорно игнорирајќи го општопознатиот факт дека во почетокот на 90тите токму тој изгради политички профил со антички македонски симболи и ставови за многувековна посебност на македонскиот народ?

Фото: Јутјуб принтскрин

-Зошто зборува за наводни и вистински докази дека некои македонски револуционери од 19ти и 20ти век се сметале за Бугари, а упорно игнорира познати докази дека некои од истите тие револуционери, како и други дејци, во други прилики зборувале за Македонците како посебен народ? Зошто не ги објасни причините за таквите контрадикции?

-Зошто зборува дека македонската нација е создадена од 1944 под Титова Југославија, без воопшто да го спомне, а небаре објасни постоењето на Македонци по самоопределба во деловите на Македонија под Бугарија, Грција и Албанија, кои никогаш не биле под Југославија и кои биле предмет на систематски репресии заради таквата определба?

Фото: Јутјуб принтскрин

-Кога зборува за создавањето на македонската нација од 1944, во современа формална смисла и бара да имаме исти аршини кон Бугарија, Грција и Албанија како кон Србија, зошто и тој според исти аршини не каже кога се формално создадени грчката и бугарската нација во современа смисла?

Фото: Јутјуб принтскрин

-Кога зборува дека античките Македонци не биле ‘словени’, зошто не укаже на која авторитетна дефиниција на поимот ‘словен’ се повикува и кога и каде тој поим почнал да важи како етнички опис?

Зошто не каже како Бугарите можат да бидат ‘словени’, со оглед на татарското потекло на основоположниците на древна Бугарија? Зошто не се повика на барем еден антички Атински автор чии написи се преобјавувани на разни јазици низ светот (пред сѐ на Англиски), кој зборува за грчка нација или грчки етнитет и ги вбројува етничките Македонци како Грци по етнитет или националност?

Фото: Јутјуб принтскрин

Зошто игнорира антички автори кои ги отфрлаат Македонците затоа што не се Хелени (поим кој тогаш имал културно-цивилизациско значење), па дури зборуваат и за расно нетрпение меѓу Атињаните и Македонците?

Зошто игнорира современи авторитетни историчари како Бадиен и Борза, кои исто така зборуваат за античките Македонци како различен народ од Атињаните, Тебанците, Спартанците …, поблизок по јазик и култура до Тракијците и Илирите?

-Кажал ли барем некогаш кои авторитетни историски извори ги прочитал пред да глуми антички историчар?

Фото: Јутјуб принтскрин

-Кога веќе кажува дека има три државјанства, зошто не каже кои се другите две и како дошол до нив? Зарем не е тоа релевантно кога размислуваме кои се неговите вистински мотиви да изигрува адвокат на познати големогрчки и големобугарски пропаганди за Македонија?

Фото: Јутјуб принтскрин

Особено ако се знае дека барем за Грција некогаш беше ‘славомакедонски’ националист кој краде грчка историја, а за голем дел од Македонците денес важи како Премиер кој распродаде критичен македонски јавен капитал на грчки фирми и со стаж на еден премиерски мандат почна да демонстрира лично богатство кое е невозможно да се создаде легално со премиерска плата, а отворено зборува за реалноста дека во политиката има црн профит?

Фото: Јутјуб принтскрин

Кога толку упорно се чатали дека сите му се плашеле со него да дебатираат за историја, еве јас му се нудам како за спорт. Не сум историчар, како што не е ни тој, но барем сум правник обучен и признат во правна држава, во која за таква квалификација треба да покажеш капацитет за методолошко докажување на факти, филтрирање на лаги, шпекулации и неиздржани претпоставки, и распитување и разобличување на лажговци.

Плус можам да му посочам светски авторитетни извори за историски тези и факти (само нека си донесе преведувач од англиски), а него го знам лично уште од кога беше пиштол, што ме прави и првостепен исторски извор за неговата чудесна трансформација.“

Фото: Јутјуб принтскрин
Претходна статијаПознатиот пејач ќе се венча во Париз, па ќе прави гламурозна свадба во Црна Гора
Следна статијаСилна жена не се раѓа, животот ја прави таква – а кога ќе стане таква, никогаш не трча по овие работи