Единствената слика на дечкото на Анастасија Ражњатовиќ – Ѓорѓе исплива во јавноста

0

Анастасија Ражнатовиќ одлучи да ја замени зимата во Србија со лето, и затоа ги спакува куферите и отиде далеку.

Оваа музичка ѕвезда се упати кон Малдивите, од каде им се пријави на своите следбеници преку сторија на Инстаграм, а објавуваше и фотографии од одморот.

Таа покажа во каков луксуз уживаше изминативе денови. „Палми, океан, коса која ја бакнува сонцетo. Тоа лето без крај, одведи ме таму“, напиша Ражњатовиќ на својот Инстаграм профил.

Она што не е познато е со кого заминала пејачката на годишен одмор, но тоа е најверојатно нејзиниот дечко Ѓорѓе.

Анастасија даде интервју за Женски магазин.мк и меѓудругото, зборуваше и за љубовта.

– Во љубовта себеси би се дефинирала како искрена, посветена, верна и романтична личност. Исто така точно знам што сакам и не се согласувам на никакви компромиси, кои би ме воделе да се откажам од себе и да ја менувам својата суштина.

Имам среќа што го најдов тоа што го барав. До мене имам момче, кое што е остварување на мојот идеал за маж. Интелигентен, сталожен, чесен, духовит и умее прекрасно да сака“, рече таа.

Српските медиуми пишуваат дека Ѓорѓе Куљиќ за јавноста е вистинска мистерија, бидејќи Анастасија одамна со него се има договорено да не споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, ниту да одат на јавни места каде што ќе бидат видени и фотографирани.

Тие ја одржуваат љубовта на релација Нови Сад- Белград, затоа што Ѓорѓе живее во Нови Сад. Во јавноста досега се имаат појавно само некои делови од неговиот приватен живот.

Една од ретките изјави кои Анастасија ги дала за својот сакан е следнава: „Ѓорѓе не се занимава со јавна работа, и природно е да не сака да го има во медиумите, но е ненаметлив и скромен и не сака да се зборува за него по секоја цена.

„Ја почитувам неговата одлука, и јас самата верувам дека е подобро барем тој дел од животот да го зачувам само за нас двајца.“, додала пејачката.

Освен што е познато дека живее во Нови Сад, јавноста знае и дека тој се школувал во Њујорк.

Таму, цимерка му била ќерката на познатиот фудбалер Драган Стојковиќ- Пикси, Ања Валенте Стојковиќ, која за блискоста со Ѓорѓе откри преку нејзиниот профил на Инстаграм.

– Го мразев кога првпат го запознав, а потоа тој ми стана брат, ги украде сите мои другарки, сакав да ми биде деверуша, но тоа ќе беше чудно.

Поминаа скоро 15 години и не знам зошто сè уште не сме го посвоиле. Те сакам до месечината и назад Ѓорѓе Кулиќ, среќен 30-ти!“, напиша Ања до сликата на која се сликани таа, Ѓорѓе и нејзината помала сестра, Андреа Стојковиќ.

Не сметајќи ги сликите од свадбата на Вељко Ражњатовиќ, каде што и Ѓорѓе беше присутен, ова е единствената слика на Инстаграм од Ѓорѓе која исплива во јавноста.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСнаата на Брена раскажа со што го освојува нејзиниот син Виктор
Следна статијаВучиќ реален: Дури и сите да ги имунизираме, пак ќе имаме проблем