Најмалиот син на Лепа Брена и на Боба Живојиновиќ , реши да се ожени, но поради вирусот ќе мора да почека да помине пандемијата. Виктор ќе ѝ го каже судбоносно „да“ на девојката Сандра Милјаковиќ.
И двајцата не сакаат интимна венчавка, туку свечена, слична на онаа што ја направија Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.
Иако планираа да станат сопружници оваа пролет, сепак ќе мора да почекаат до мај 2022 година, кога планираат забава.
Инаку новата снаа неодамна се пресели кај фолк sвездата Лепа Брена, некаде во ноември минатата година.
Двајцата решиле да живеат во еден дел од куќата, која се реновира и опремеува. Како што дознаваат српските медиуму, новата снашка на Брена е од Брус, а студира српски јазик и литература во Белград и работи како шминкерка.
Сега, таа ја шминка нејзината идна свекрва за сите нејзини јавни настапи.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ во декември минатата година прославија 29 години успешен брак. Сепак, малку е познато за нејзиниот емотивен живот пред Боба.
Уште во 1985 година, пејачката беше во сериозна врска со водителот и уредник Мирко Крлиќ, и сите очекуваа дека заедно ќе стапнат на „лудиот камен“.
Потоа, композиторот Зоран Василиќ ја напиша песната „Мики, Мишо“ и и предложи на Брена да ја слушне. Песната очигледно многу ѝ се допадна и се пријави на „Евросонг“ со неа.
– Вистина е дека Лепа Брена беше моја девојка долго време и дека се сакавме. Сега тоа е минато, и ние сме само добри пријатели.
За она што го вели чаршијата дека требало да се омажи за мене, можам само да кажам дека сето тоа е имагинација и нечии убави желби.
Можам да кажам дека, по нашето излегување, Брена беше и останува голем пријател за мене – изјави Мирко за „Југопапир“ за нивната врска во тоа време.
Тој додал дека не е изненаден што Брена се омажи за Бобa, бидејќи таа планирала долго време време да основа семејство. Тој исто така откри дека имало љубов на прв поглед со Брена во тоа време.
– Ја запознав кога првпат настапи во Зрењанин. Тоа беше пред многу години, кога пееше во хотелот Војводина како непозната пејачка. Си се допаднавме на прв поглед и започнавме да се забавуваме – додаде тој.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин