Благица Павловска: Навреме се вратив од Швајцарија, Америка и Канада – објасни и како се брани од доворувачи

0

Благица Павловска вели дека се помирила со новонастанатата состојба која на сите ни ја наметна вирусот и дека ако нештото не може да се менува треба да го прифатиме какво што е, но и дека очекува подобри времиња.

-Јас многу лесно го поминав овој период. Направив еден круг: Швајцарија, Америка, Канада.

Точно се вратив на осмиу март минатата година и оттогаш сум дома. Ѝ се препуштив на атмосферата домашна.

Нешто реновирав, нешто менував, нешто средував и цело време бев со мајстори, а воедно имам друштво, имам едно 7-8 кученца за кои се грижам секојдневно, и тие се тука во секое време за да ми ја релаксираат атмосферата.

Ако имате негативности во просторот во кјшто живеете, убаво е да чуваш животниче. Животинчето ја нивелира таа енергија која влијае кај човекот психолошки.

Често пати кога ќе се изнервирам за нешто, кога тие ќе ме погледат со очињата нивни, заборавам на се“, рече Благица во емисијата „Магазин“ на Сител ТВ.

Водителката Јелена Богојевиќ ја праша дали има некој од младите што може да ја наследи Благица и нејзините безвременски хитови, а таа рече:

-Јас имам безвременски хитови, ама и јас сум безвременска, затоа што мојот дух е во таа акција. Младите секогаш секогаш да знаат што сакаат“, порача Благица.

-Јас кога треба некаде да се појавам, за мене е тоа еуфорично, како и што. Сега решив да изгледам поедноставно“.

Таа ја искоментира својата неодамнешна изјава за “Бекстејџ“ кога рече дека луѓето ќе се заштитат од вирусот ако не ги менуват партнерите.

-Во едно интервју неодамна изјавив дека во ова време луѓето не треба да си ги менуваат партнерите, па имаше различни коментари, што јас не ги ни прочитав, ама тоа е мое мислење.

Ако имаш еден партнер, со него ќе живееш. Не смееш да си дозволиш да имаш авантури, затоа што секоја една таква авантура не знаеш што може да ти донесе.

Ова е мое мислење, и благодарение на она јас како размислувам, јас сум заштитена.

Начинот кој е најризичен е тој“, објасни Павловска. Потоа водителката ја праша дали обожавателите ѝ се додворуваат и на кој начин сакаат да ѝ се доближат.

-Сега Фејсбукот е тој, тие медиумски мрежи се луѓето кои се јавуваат, бараат пријателство.

Но, јас си имам некои свои обврски и не сакам да се врзувам за телефонот затоа што ќе го изгубам целосно времето.

Јас не сакам на социјалните мрежи многу да се експонирам“, објасни Благица.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаЌерката на Виолета Томовска, со мајката како потпора, гордо продолжи по тажната семејна случка
Следна статијаТамара излезе од изолација- се пофали дека направила нешто добро за себе (ФОТО)