Весна Бејби лута на градоначалникот на Кисела вода: Да не ви дојдам со лопата

0

Пред два дена, во земјава падна првиот пообилен снег и веднаш проблеми за граѓаните поради нерасчистени улици. Проблемен е дотолку поголем, што поради ниските температури, доаѓа до подмрзнување на коловозот.

Завчера, сопственикот на радиото и продукцијата „Буба Мара“, Ранко Петровиќ, на својот профил, информираше и за немил настан, судар на повеќе возила кои се излизгале но и за негов пад во населбата Тронодол, каде што живее.

„Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи од градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев,

кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија , за вечерва да станат опасна ледена лизгалица, иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.

Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот , веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии , тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања , пробавме да дојдеме до нив ,но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм), не се сеќавам баш на се.

Но, знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко , Дарко итн) , лесно ме освестиле , дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме коро на) и некако ме станаа и донесоа дома.

Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на неспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.

За крај, да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило , другото само ќе си дојде“, напиша Петровиќ на свокот профил на Фебсук.

Јавна подршка на Ранко му даде актерката Весна Петрушевска, која живее во Општина Кисела вода.

– Добро утро, јас само да ве поздравам и да ви кажам дека уште има снег, и гледате, сè е исчистено, сè.

Не ги изненади снегот локалните, градските власти, просто можете да се шетате сите без никаква зимска опрема, улиците се чисти, и еве како што можете да забележите сè е исчистено.

И оваа прилика ја користам да го поздравам мојот другар Ранко Петровиќ- Баце, да му изразам поддршка и да ви кажам на сите: Кога Баце паѓа на глава, на другите ќе ви излезе низ г -аз.

И исто така, многу сакам да се заблагодарам на сите градски градоначалници, градски се нели, не се од село, посебно на овој нашиов од Кисела вода зашто мислам дека кога ќе стане татко му, ќе стане и тој да почисти малце по улициве. Да не пукне.

И еве сега како тоа излгеда. Јас ја барам лопатата, и метлата и да си се фатам за работа. Ми посакувам убав градски, снежен ден“, рече Весна Петрушевска прозивајќи го градоначалникот на Кисела вода Филип Темелковски.

По неколу часа, таа повторно реагираше на Фејсбуки објави видео од улиците во нејзината населба кои не биле исчистени од снегот.

– Општина Кисела Вода уште спиете? Да дојдете да си исчистите улици! И така сум со лопатава да дојдам накај вас до началството?“, напиша Весна.

Фото: Фејсбук профил на Весна Петрушевска, Јутјуб принстксрин

Претходна статијаТања Кочовска се отвори: Мислев дека со дете тешко ќе можам да се омажам
Следна статијаДраган Бјелогрлиќ со сопругата и со Лепа Брена во Мајами: Пред триесет години се бакнуваа на филм, а сега уживаат заедно на плажа