Тања Кочовска се отвори: Мислев дека со дете тешко ќе можам да се омажам

0

Тања Кочовска многумина ја нарекувата царица, затоа што е одлична актерка, пејачка и жена со многу ведар дух секогаш.

Кочовска ја обожаваат децата кои ја имаат гледано во Тетарот за деца и младинци, и повозрасната публика во Македонскиот народен театар. Во едно интервју за hybrid.mk, таа раскажуваше како се организира во текот на денот и колку многу ѝ значи нејизната професија и времето поминато во нејзиниот втор дом- театарот.

-Морам и се обидувам сè да завршам на време. Денот најчесто ми изгледа вака: станувам наутро, обавезно пред проба доаѓам во театар час и половина претходно, да се релаксирам, да пијам кафе, да дишам театарски воздух.

Потоа ми почнува проба, а по завршувањето доаѓам овде, играм претстава. Ако пробата ми трае пократко, во тој случај ги снимам синхронизациите и се така по ред. Генерално се обидувам да се движам по некој распоред кој ќе одговара на сите.

Тања е и фантастична пејачка, а како и да не биде кога потекнува од музичко семејство, нејзини родители се легенндарните „Мањифико“, дуото Невена и Панче Кочовски. Уште се памети нејзиниот огромен хит „Твојте очи мој сине“ од фестивалот „Макфест“, кој и денес се пее.

Тања е во брак со актерот Предраг Павловски, и е мајка на Александар и на Нела. Во септември минатата година, Тања и Предраг прославија 25 години брак, на Денот на верата, надежта и љубовта.

Тања на оригинален начин се пофали за годишнината на Фејсбук. Таа објави фотографија како на Предраг му мери притисок.

Пред неколку дена му беше роденден на Предраг, и Тања на само нејзин оригинален начин му честоиташе на својот профил на Фејсбук: Тања кратко и јасно напиша: Среќен роденден колега, и објави слика од неа, од Предраг и уште од неколку нивни колеги актери.

Тања ја раскажа целата своја љубовна приказна со својот колега во Женски магазин, на својот познат хумористичен начин.

– Ние сме сосема различни, а кај него во моментов сè ме неврира. Сега со коронава како што сме повеќе по дома, само нешто ни пречи, само нешто се боцкаме. Всушност, ние постојано се боцкаме, затоа и толку се сакаме“, рече Тања за Предраг.

Таа и Предраг студирале заедно, но почнале повеќе да се дружат кога и двајцата почнале да работата во Тетарот за деца и младинци.

– Отидовме еден ден со секретарката и со Владимир Лазовски на ручек, тие си отидоа по некое време, јас и тој останавме. Цела ноќ се дружевме, и сабајле во пет часот тој мене ме побара за жена. Јас сум реков да, онака нели: Ајде, да.

Мислев дека со дете тешко ќе можам да се омажам. Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме.

И додека се решивме да се венчаме, пројде време, и дури кога отидовме во матично да закажеме, тој гледа и вели: Ти и првиот пат си била мажена на ист датум во истиот час.

И почнавме да се смееме, не можевме да влеземе во матично од смеа. Така што, сè ми е исто, само човекот е згрешен. 30 септември во 5 часот се венчав првиот пат“, раскажа Кочовска.

Фото: Фејсбук на Тања Кочовска, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаКратењето наставни содржини е препотентност: Професорката Татјана Алексиќ со својата објава замисли многумина
Следна статијаВесна Бејби лута на градоначалникот на Кисела вода: Да не ви дојдам со лопата