Пејачката Тања Савиќ (35) со месеци минува низ постојана бо рба за повторно да ги види и прегрне своите синови, кои нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе во Австралија без нејзино знаење пред девет месеци.
Тања ги ангажираше најдобрите адвокати од Србија, но и од Австралија, каде поднесе туж ба против Душан, објави српска „Република“ минатата година.
Целата постапка и процес ќе ја чини Тања многу нерви, но и пари, кои ги нема во моментот, бидејќи нејзиниот сопруг, покрај децата, целата заштеда ја однел во Австралија, па семејството на пејачката многу ѝ помага.
Токму од таа причина, семејството на Тања наводно продало парче земја и и ги дало тие пари за да може да плаќа за адвокатите во Србија, како и во Австралија.
– Семејството повеќе не можеше да гледа како Тања страда и плаче секој ден! Тие одлучија да ѝ помогнат да продаде сè што поседуваат за да може да ги плаќа адвокатите и да ги врати децата дома – откри извор близок до семејството Савиќ и додаде:
– Имаа парче земја во Радинац и го ставија во оглас, наскоро се јави купувач и го продадоа земјиштето за 10.000 евра за Тања да ги покрие основните трошоци.
Минатата недела, Тања Савиќ ги спакувала куферите и отпатувала во Австралија со својот адвокат, со цел да се бори на суд за нејзините синови, кои не ги видела цели девет месеци.
Судскиот процес веќе започна, кога по серијата барања што ги упати преку телефон, Тања ќе се сретне лице в лице со нејзиниот сè уште законски сопруг Душан Јовановиќ.
Мајката, која се бори за своите деца како лав, никогаш не престана да верува. И неодамна, за српските медиуми изјави дека чувствува дека правдата ќе победи и дека Максим и Ѓорѓе наскоро ќе бидат во нејзините прегратки.
– Само што го завршуваме ова поглавје. Среќна сум, се надевам на најдоброто. Верувам во Господ и во правда – рече Тања за „Блиц“.
Пејачката помина низ многу тежопк период, и сè уште минува низ нив, особено кога станува збор за борбата за старателство над нејзините деца.
Многумина ја поддржуваа низ годините за разни работи, но една личност која отсекогаш била со неа е нејзината мајка.
Овој пат, Тања на својот Инстаграм објави илустрација која јасно ја покажува важноста на родителите:
Единствената личност што би сторила сè за вас, кога сите ќе ве напуштат, е вашата мајка – објави Тања.
Во периодот наназад, сопругот на Савиќ, Душан, многу малку ги коментираше заедничките брачни проблеми.
Во кратката изјава за „Стар“ од „Кенгур Ленд“, на почетокот на септември минатата година, тој рече дека ја следи состојбата во Србија и пишувањата по медиумите поттикнати од неговата сопруга, познатата пејачка Тања Савиќ.
-Видов секакви приказни кои кружат низ српските медиуми, но не само тоа. Сè уште нема потреба да се даваат изјави и јавно да се рекламираат.
Треба ли да објаснам дека ги однесов децата во Австралија за да ги спасам од короната? А, факт е дека мојата сопруга не сакаше да дојде со нас, а можеше – рече Душан.
Фото: Инстаграм принстскрин, Јутјуб принсткрин