По мерките кои ги воведе Германија, сега Австрија е приморана да реагира на границата со Италија

0

Распространувањето на британскиот сој на вирусот во западна Европа, придонесе Германија одлучи од неделата да ја затвори границата со неколку земји, односно региони.

Фото: Јутјуб принтскрин

Германија делумно ги затвори своите граници со Чешка, Словачка и австрискиот регион Тирол и покрај осудите од Европската унија.

Фото: Јутјуб принтскрин

Илјадници полицајци се мобилизирани за строги контроли на границата, што потсетува на првите денови од пандемијата, кога членките на ЕУ ги затворија своите граници, јавуваат локалните медиуми.

Фото: Јутјуб принтскрин

Според наводите на германската влада, во случајот на Чешка и Тирол, влез ќе биде дозволен за Германците, странците со живеалиште и престој во Германија, сезонски работници во земјоделството и медицински персонал.

Фото: Јутјуб принтскрин

Авиокомпаниите, железницата и автобуските компании веќе не смеат да превезуваат патници од Словачка во Германија. Исклучок се германски државјани и странци кои живеат во Германија.

Фото: Јутјуб принтскрин

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Германија ќе може да влезат и брачните партнери, животните придружници, малолетните деца и родители на малолетни деца, но само ако тие заедно ја минуваат границата со германските роднини.

Фото: Јутјуб принтскрин

Од забраната се исклучени и возачите на камиони и друг персонал во транспортот на стоки. Треба да биде дозволен влез и од ургентни хуманитарни причини, како на пример смртен случај. Сепак, во сите случаи кои се исклучок од забраната, важат правилата за тестирање и карантин.

Фото: Јутјуб принтскрин

Европската комисија претходно апелираше до Германија да дозволи исклучоци за луѓето кои патуваат до работното место, но министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер тоа категорично го исклучи.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој рече дека германската влада нема само немо да посматра „како мутацијата на вирусот се префрла кај нас“. Граничните контроли се болни, но во моментов се неизбежни.

Фото: Јутјуб принтскрин

Ограничувањата што ги воведе Германија, ги принуди и австриските власти да ја интензивираат контролата на границата со Италија, бидејќи вчера и денес се создадоа долги редови автомобили и камиони.

Фото: Јутјуб принтскрин

Возачите на камиони кои од Тирол вчегуваат во Германија, од вчера треба да покажат негативен тест на Ковид-19.

Фото: Јутјуб принтскрин

Јужната граница на Тирол е со Италија. Австриските власти стравуваат дека возилата и камионите кои од Италија транзитираат преку Тирол за Германија не ги поседуваат сите документи кои ги бара Берлин и поради тоа би можеле да останат блокирани на австриска територија. Поради тоа интензивирана е контролата на австриската граница со Италија.

Фото: Јутјуб принтскрин

– Нема да дозволам Тирол да стане паркинг на Европа. Не можеме да им гарантираме премин на возачите од Австрија во Германија, изјави гувернерот на австриската провинција Тирол, Гинтер Платер.

Фото: Јутјуб принтскрин

Асоцијацијата на италијанските превозници и локалната власт на северната италијанска област Трентино побараа реципрочни мерки односно тестирање на возачите кои доѓаат од Германијаи и од Австрија.

Фото: Јутјуб принтскрин

На автопатот во Италија во близина на границата со Австрија поставен е центар за брзо тестирање на Ковид-19.

Фото: Јутјуб принтскрин

Од 4.000 до 5.000 камиони дневно поминуваат преку магистралниот пат А12, што е една од најважните сообраќајни артерии меѓу Јужна и Северна Европа.

Фото: Јутјуб принтскрин
Претходна статијаОмилената кај публиката, водителката Александра од „Брза кујна“ прозборе за тоа како ѝ е во улогата на мајка
Следна статијаБилјана Ванковска јавно му се извини на Фрчкоски