Мери Јордановска: Дека е пазар – се гледа од небо

0

Новинарката Мери Јордановска секогаш добива многу реакции на Фејсбук за статусите кои јавно ги постира, а во нив отворено зборува за актуелната состојба кај нас, врзано за многу теми.

Јордановска минатата година на Фејсбук повторно го објави своето мислење за актуелната состојба со вирусот: „Се си има свој пик, а здравствениот систем во моментов го доживува најлошиот, најг-розом-орниот.

Луѓе по 8 часа бараат брза помош, нема. Луѓе кои го губат здивот, луѓе на кои за неколку часа им се влошува состојбата до степен да губат свест. Брза помош НЕМА. Се бараат врски, познати, се моли секој, за да бидат примени во болница.

Во приватните болници има листа на чекање и тоа само ако имате илјадници евра да ги изброите на рака. Не на рати. Не на одложено. Сега и одма. И повторно нема да бидете примени веднаш, туку ако се ослободи кревет..

Можеби и предоцна. Луѓето се оставени сами на себе. Цела среќа што постои ФБ група каде патем има над 8 илјади членови – си помагаат, си делат совети, во отсуство на совет од друг.

Дел од матичните лекари не креваат слушалка, не прегледуваат. Немаш кого да прашаш што да се напиеш, дали е нормално што те болат бубрезите, дали е нормално што 10 дена не ти спаѓа температурата, дали е нормално што си ослабел 9 кила за 7 дена, дали е нормално што ти излегуваат модринки.

Терапијата за сите е иста. Copy – paste. Антибиотици, антибиотици, антибиотици и витамини кои коштаат грдни пари.

Персонал нема. Луѓето се оставени сами на себе, буквално. Имаме министер кој вели дека „ситуацијата е под контрола“ и без образ не лаже сите до еден. Ситуацијата е далеку од „под контрола“. . Можеби е така секаде, но јас живеам тука и секојдневно слушам туѓи судбини, како последица на ова чу-дови-ште од вирус.

Секој кој не верува, нека ме избрише веднаш од пријатели и никогаш да не ми се обрати. Луѓе, внимавајте на себе и на своите најблиски. Не знаеме какви последици остава ова чудо, ниту пак знаеме кој може да настрада фатално“, објави Јордановска.

Деенска, таа напиша објава поврзана со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Ова е еден неуспешен обид за бегство, а големи се сомнежите и за договор, кој на момент малку застранува, но непријатностите се решаваат.

-Два дена Мијалков е во бегство и наеднаш се појавува, а премиерот Зоран Заев на Фејсбук објавува дека „обезбеден е неговиот домашен при твор“. Од каде Заев знаеше дека е „обезбеден неговиот домашен пр итвор“, и дека во меѓувреме Апелација ја нема преиначено одлуката?

-Заев точно знаел – да, повлечена била жалбата за зат ворски при твор за лице за кое е распишана меѓународна потер ница и беше во бегство. Кој побогу повлекува жалба за затворски притвор за човек кој ти избегал?!

-Власта предавањето на Мијалков го препишува како свој успех, иако Спасовски два дена молчеше.

-Мијалков оди во куќен при твор, и тоа решението го подига во обвинителството, не во судот, оти така тој сакал. Голема е веројатноста и да остане во куќен притвор, па дури и по пресудата во петок.

-Дека претходно се испазари со власта за седуммината пратеници, сите знаеме. Дека лажете – по ликовите ви се познава. Дека е пазар – од небо се гледа.

-И да, секој кој има температура обавезно остава телефон дома и се повлекува под ќебе без допир со јавноста, таков е протоколот за самоизолација, нели. Башка прележа Ков ид пред 3 месеци, сигурно уште има и антитела“, објави Јордановска.

Фото: Фејсбук на Мери Јордановска, Јутјуб принскрин

Претходна статијаЍ земал 1.000 денари од новчаник, пробал да извади пари од банкомат: Семејна незгода на познатата пејачка
Следна статијаПознатиот актер за Мијалков: Требит за ЦАР да го прогласиме