(ФОТО) Лила се покажа како добра домаќинка – Зоки Фаци се пофали како го пречакала

0

Двоецот Зоран Василевски кој во јавноста е попознат како Зоки Фаци и водителката Лила Филиповска долги години важат за големи пријатели, а нивните дружи често се овековечуваат со некоја фотка и видеео.

Принтскрин Инстаграм

И двајцата се успешни и познати во работите што ги работат, а Зоки Фаци важи за еден од најпознатите македонски естрадни новинари и човек кој секогаш отворено го кажува она што го мисли.

Популарниот Зоки Фаци каде и да се појави привлекува внимание, а има и зошто. Во неговото новинарско сиже, под лупа се сите познати македонски јавни личности, пред сè од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Принтскрин Инстаграм

Познато е дека естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите

Принтскрин Инстаграм

Од печатениот збор (беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми. Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Принтскрин Инстаграм

Народот вели кој нема среќа во работата има во љубовта. Зоки – „Фаци“ секојдневно можете да го видите што по скопските локали, што на социјалните мрежи, како гушка и бакнува прекрасни убавици. Некој ќе рече девојките сами му се лепат на „харизматичниот“ водител.

„Мојата мотивација е сонцето и позитивната мисла, креативноста ја црпам од позитивната енергија.

Принтскрин Инстаграм

За Лила не се потребни зборови да се трошат, па таа освен што е водителка и добро познато лице на тв камерите преку шоуто Се или ништо, таа важо за водечка инфлуенсерка во нашата држава.

Принтскрин Инстаграм

Лила Филиповска е докажен вистински љубител на животните. И тоа од сите видови и врсти.

Принтскрин Инстаграм

И домашни и диви. И месојади и тревопасни. Впрочем, на сите им е добро познато дека Лила дома чува маче. Или поточно мачор… Рагнар.

Принтскрин Инстаграм

Дека од домашните животни само мачињата и кучињата не и се на дофат, Лила покажа неодамна, кога со колегата Зоки Фаци, кој патем е голем љубител на јавањето, се дружеше со малото магаренце или поточно магарица Тики. Тогаш водителката потврди дека колку што таа ги сака животните, тие неа ја сакаат двојно повеќе.

Принтскрин Инстаграм

Зоки Фаци инаку по професија е ветеринар, па јасно е од каде ја има таа љубов кон животните. Тој вчера беше во посета на домот на Лила каде што се забавуваше со нејзиниот мачор, но и ја пофали Лила како добра домаќинка и покажа што сервирала на маса и со што го пречакала.

Принтскрин Инстаграм

 

Претходна статијаПеро Лазарески од Охрид: Ако треба ќе го продадеме станот само да го спасиме синот Борче
Следна статијаЏамбазов утрово упати силна порака до Ива од Хрватска