Заев: Грозно е да се гледа фрустрацијата на опозицијата што не се на власт

0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес најави протести на опозицијата поради поскапувањето на струјата:

„И токму поради тоа ќе протестираме. Тоа е причината поради која ќе излеземе со свои барања. И уште нешто, да нема изговор од Владата и ма фи јата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот.

Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија.

Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо.

И сакам уште една порака да испратам до сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци.

Време е да се обединиме, да ги надминеме нашите разлики и да направиме опозициски фронт против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот. И точно е имаме разлики, различни гледишта можеби и различни концепти.

Ама и во Тетово, Битола, Штип или Скопје народот го обединува сиромаштија против која мораме заеднички да се бориме. И мораме да се спротиставиме на оваа мафија со активен отпор и на улица, на протести и да протестираме за секоја тема која ги мачи граѓаните.

И ова е отворен повик да се обединиме за да ја зачуваме државата и да ги заштитиме граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада а сиромашен народ.

Мора да се избориме за систем, вредности и иднина. И како што реков, ма фи ја не се руши со една битка, туку со многу битки и труд, а ова е почетокот на нивниот крај. Ние тргнуваме!“

На оваа нивна најава, одговори Премиерот Заев:

Најавите на опозицијата дека ќе почне со масовни протести низ земјава, според премиерот Зоран Заев, се показател дека таа е фрустрирана оти не е на власт.

Протестите, рече Заев, се нормална работа во слобода и во демократија, па додаде дека тој како претседател на Владата и парламентарното мнозинство ќе направи сѐ да не дозволи да постојат аргументи за какви било протести и незадоволство на народот.

-Поривот што го гледам кај опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат време да се види колку ќе бидеме успешни се гледа една грозотија од фрустрација – зошто не се власт, рече премиерот Зоран Заев прашан да ги коментира најавите на опозицијата за организирање протести, пренесува Фокус.

Претходна статијаБратот Љубе ужива – објави фотки со Здравко Чолиќ и Аки Рахимовски
Следна статијаБарам жена за озбилно – треба да е медицинска сестра и да сака да научи да готви како мајка ми