Барам жена за озбилно – треба да е медицинска сестра и да сака да научи да готви како мајка ми

0

Се почесто може да наидеме на интересни огласи, а неретко и за стапување во брак или пронаоѓање на партне/рка. Иако социјалните мрежи се погодни за такво нешто, се уште постојат и старомодерни ликови.

Еден таков случај ни доаѓа од нашето блиско соседство, поточно од соседна Србија. Имено, во Врање кој е на само неколку километри од границата со Македонија, овие денови се вртат интересни фотографии од оглас кој привлече големо внимание.

Кога ќе го прочитате, веруваме и вам ќе ви биде јасно зошто толку многу се зборува и пишува за огласот.

Скоро на сите одделенија на Здраствениот центар во Врање, осамнале залепени ливчиња на кои е испечатен оглас во најмала рака со необична содржина, кој ги насмеала сите кои го виделе, а човекот кој бара жена е под шифра “ЈОЈ БОЛИ“.

Не е познато дали станува збор за шега или вистинска потреба за жена како што е опишана во огласот, бидејќи на повик на бројот кој е огласен никој не одговарал.

На огласот пишувало: “Дечко, 39 години, интелектуалец, машински инжењер, сензуална природа, кафени очи, роден со оцена 10, висок 184 см. стамбена резиденција – ранч, обезбеден, вози мерцедес“.

Тој бара медицинска сестра во “редовен работен однос“.

Вели дека е “професионален староседелец во градот“, како и дека сака да запознае “Врањанка, образувана девојка, од здрава лоза, висока, поради брак и развивање на семеен бизнис“.

Но тоа не е се, овој човек од идната сопруга очекува да “не е депресивна, да е подготвена да живее за еден човек, да раѓа здрави машки деца, да не провоцира… да има основно познавање во кујна, но дека ќе има и од кого да научи“.

Некои медицински сестри во шега велат дека главната замерка се однесува токму на оваа ставка, бидејќи насетуваат дека ќе има свекрва која би требало да ги научи некои работи во кујна…

Во секој случај, младоженецот иако нема вистинска намера да се жени, утрово насмеал бројни здравствени работници но и пациенти.

Фото: Илустрација

Претходна статијаЗаев: Грозно е да се гледа фрустрацијата на опозицијата што не се на власт
Следна статијаАдријана Алачки со полна уста фалби за докторот: Колку ли деца спаси, колку ли мајки и татковци израдува