Визер продава карти но Филипче одговори на прашањето дали ќе се отвори аеродромот

0

Министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес, објави дека комисијата за заразни болести доставила предлог до владата од утре да се релаксираат мерките во поглед на времетраењето на полицискиот час во нашата држава.

Тој за време на овој викенд ќе трае од 19 навечер, до пет сабајле. Се размислува од понеделник да се релаксираат и мерките кои важат за работните денови, но тоа ќе се одлучува утре, изјави Филипче.

Во изминатите неколку денови, медиумите информираат за почеток на продавање авиобилети на некои авиокомпании, меѓу кои и Визер. Авиокомпанијата Визер ги обнови летовите до аеродромот во бугарскиот град Варна од Ајндховен (Холандија), Дортмунд (Германија) и Лондон (Велика Британија). Трите лета се планирани за вечерва.

По тој повод, Регионалната здравствена инспекција наложи во времето на слетување на трите авиони, во зградата на аеродромот да присуствуваат инспектори кои ќе мерат телесна температура на патниците и ќе им дадат летоци со упатства и услови за карантинот.

Сите пристигнати патници ќе треба да останат во 14-дневен карантин, бидејќи доаѓаат од региони ризични во однос на ширењето на болеста. Oткако повторно ќе може да се лета со авиони ширум светот, цените на билетите би можеле да се зголемат за најмалку 50 проценти, предупредува Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА).

Во согласност со тековните предлози за социјалната оддалеченост на превозниците, тие може да бидат принудени да остават празни некои од местата во авионот, а тоа во голема мера ќе влијае на профитабилноста.

Некои авиокомпании, вклучително и „Delta“ и „EasyJet“, веќе објавија дека ќе ги отстранат местата од среден ред за извесен временски период за да обезбедат безбедно растојание меѓу патниците.

Дизајнерите на авионите, исто така, размислуваат да инсталираат пластични паравани меѓу седиштата, објави „NBC News“.

На денешниот прес, министерот Филипче доби директно прашање од новинарите, дали и кога се размислува отворање на аеродромите во нашата држава, со оглед на тоа што авиокомпаниите веќе продаваат карти.

Министерот Филипче одговори дека засега нема да се брза со ваква одлука, бидејќи во тој случај многу Македонци би тргнале да се вратат во нашата држава. Сепак, рече Филипче, тоа ќе биде регионална одлука, во координација со соседните држави.

Сите претпоставуваа дека аеродромите ќе се отворат на 17.мај, бидејќи се знае дека вонредната состојба во земјава завршува на 16-ти мај, но по оваа изјава на министерот Филипче, сега ова е неизвесно.

Претходна статијаГерманија вакво нешто на памети од 1991 година – Министерот за економија предупреди уште во април
Следна статијаПодготвен прирачник – конобарите во кафаните ќе треба да носат гумени чизми, ракавици и водонепропустливи престилки