Најчевска: Ние сме само лоша театарска претсава, а не функционална држава

0

Статус на Мирјана Најчевска:

,,Ова само покажува дека немаме Уставен суд,туку група луѓе кои се со исклучително ограничени интелектуални капацитети кои се едноставно марионети на политичките партии.

Се додека во државата не се воспостават контролните механизми и се додека политичките партии, а не институциите на државата го имаат кормилото во раце, ние сме само лоша театарска претсава, а не функционална држава.

Не драги мои, ни СДСМ ни ВМРО-ДПМНЕ ни ДУИ веќе не можат да понудат ништо што веќе не е видено или испробано.

Време е за промена – голема промена. Во моментот кога граѓаните ќе го осознаат тоа, ќе излеземе од виртуелниот свет во кој со Скопско се е можно, и, ќе влеземе во реалниот свет во кој владеат правила, процедури и критериуми.

Во тој свет Собранието е највисоко законодавно тело, а не збирштина собрана од улица. Во тој свет уставните судии се луѓе со два грама мозок и три грама морал. Во тој свет не излегува на телевизија претседател на партија облечен во премиерска одора.

Во тој свет, криминалците одат во затвор, а не во министерски фотељи. Во тој свет да бидеш професор, наставник, администратор е професија, а не награда за лепење плакати.

Во тој свет граѓаните не се восхитуваат на секоја будала која ќе се качи на бел коњ и ќе мавта со знаме, туку бараат и очекуваат подобар и посигурен и поисполнет живот од оној од вчера и завчера.”

Претходна статијаДоцна вечерва се огласи Венко Филипче: Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене
Следна статијаКое е значењето на Литијата – зошто луѓето вчера одеа по улиците на Струга