Доцна вечерва се огласи Венко Филипче: Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене

0

Масовен верски собир што се одржа денес во Струга на кој многумина од присутните беа без маски и без држење растојание, како што предвидуваат мерките што се во сила, предизвика бројни реакции во јавноста.

Станува збор за традиционален верски собир – литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона збогатена и со неговите чесни мошти од неговиот манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска и на Христос Архиереј од Манастирот Пречиста Кичевска.

Од снимките кои ги објавија телевизиите се гледа дека поворката на струшките улици ја обезбедуваше и полиција.

Оваа церемонија ја следат голем број верници, но иако годинава ги имаше помалку до споредба со претходните години, на верската манифестација сепак не изостана масовноста. Дел од присутните ја следеа поворката од тротоарите. Стружани велат дека овие денови за нив се посебени и дека се придржувале на препораките.

Литијата беше најавена на 4 мај на официјалната страна на Бигорскиот манастир. Тогаш беше наведено дека годинава поради пандемијата со корона вирусот ќе учествуваат само свештени лица. Сепак, тоа не беше испочитувано.

Доцна вечерва на оваа тема се огласи и Министерот за здравство, Венко Филипче кој преку социјалните мрежи порача:

Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата.

Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок.

Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала.

Претходна статијаКога границите и аеродромите ќе се отворат и понатаму една група на граѓани нема да можат се уште да патуваат
Следна статијаНајчевска: Ние сме само лоша театарска претсава, а не функционална држава