Викторија Лоба ниту во домашен карантин не престана да го прави ова (ФОТО)

0

Вонредната состојба во Македонија, но и во регионот доведе до тоа да не можеме да ги правиме вообичаените работи кои сме навикнати, односно оние кои беа дел од нашето секојдневие.

Карантинот на некои делува позитивно, на некои негативно, но важно е дека треба да останеме дома за наше добро и за спречување на шириње на Ковид 19.

Иако сме дома меѓу четири ѕида и не може да ги правиме секојдневните активности, сепак се наоѓа начин да го поминуваме времето.

Многу од јавните личности се активни на социјалните мрежи и ги известуваат следбениците за тоа како го поминуваат времето во вонредна состојба.

Некои готват, други читаа книги, гледаат филмови, одмараат уживаат. Меѓутоа, некои го користат и домашниот простор за да продолжат со физичките активности, односно да вежбаат и во услови на изолација.

Имено, македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба ни во четири ѕида не престанува да биде физички активна односно да практикува јога.

Неодамна, на „Инстаграм“ ја праша дали вежба посебно во ситуацијата, а Лоба одговори:

„Вежбам јога онлајн 3 пати неделно и плус неколку конкретни вежби за зацрвстување на телото“ напиша пејачката во описот на фотографијата каде прави пози на јога.

Со ова можеби таа ќе ги мотивира и инспирира сите кои сакаат да вежбаат во својот дом, бидејќи кога се сака се наоѓа начин.

За потсетување, Лоба не е единствена пејачка која продолжува со физичките активности, тука е и Елена Ристеска, како и многу други пејачки од регионот.

Извор: Вистина

Претходна статијаБорко откри што му се случило изминатите денови и порача: Мојата борба за мојата Македонија допрва почнува
Следна статијаПо Дојран уште два македонски града во кои се уште нема Корона не сакаат гости од други општини