Се чини дека Македонија добро се справува со Корона – Филипче објави најнов извештај за ситуацијата

0

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на социјалните мрежи, секојдневно информира за состојбата со Ковид-19 во нашата држава. Денес тој најпрво се заблагодари на сите што на нашата држава и донираа во оваа криза:

,,Голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари. Донациите во опрема и добра за вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции.

Особена благодарност упатувам за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот.

Листа на донатори, донирани опрема и добра: https://bit.ly/34oxFKL”

Потоа објасни како нашата држава ја применива препоракта за тестирање од СЗО:

,,Светската здравствена организација вели дека да, треба да се тестира, но случаи коишто одговараат на дефиниција на случај – не сè. Ние го правиме токму тоа – тестираме со јасна цел и стратегија – посочи прим. д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.”

Во последниот пост тој информира за состојбата со Ковид-19 во изминатото деноноќие. Има 46 нови позитивни, за разлика од вчерашните 18 и само еден поч инат, а тоа е младата родилка, за која вчера се извести дека не издржала во борбата со Корона.

Вредно е да се истакне дека и покрај тоа што бројките во нашата држава од ден во ден варираат, кривата не оди постојано нагоре како во другите држави. Пред неколку денови во одно деноноќие имаше 72 нови позитивни случаи, за во следните денови бројките да се намалат.

Тоа значи дека нашите здравствени власти успеваат да ја држат кривата во посакувана насока и да нема голем скок на новозаразени кои би го оптеретиле здравствениот систем:

,,Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица.

Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.”, информираше Венко Филипче.

Претходна статијаДобро утро Министер Венко Филипче – денес пак јавно Ви пишувам
Следна статијаЃорге Давид излекуван и пуштен дома, но не смее да излегува – тој објасни кога ќе може да прошета надвор