Мерка каква што не памети Македонија – на сила стапува од среда

0

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (05/06.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека 72 лица не ја почитувале оваа мерка, при што биле приведени 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација.

Mинистерството за внатрешни работи информира дека до денеска се детектирани 12 вработени во МВР кои се позитивни на коронавирусот.

Оттаму додаваат дека во соработка со епидемиолози се направени интервјуа со вработените кои биле во контакт со заболените и досега има 36 лица кои се во самоизолација, а издадени се и 14 решенија за задолжителен карантин.

Министерот за Здравство, Венко Филипче утрово објави информирација за бремените жени:

Бремените жени треба да ги практикуваат истите мерки на претпазливост како и другите луѓе. Сите бремени жени, вклучувајќи ги и оние со потврдена или сомнителна зараза со COVID-19, имаат право на висококвалитетна нега пред, за време на и после породувањето. Под нега во овој контекст се подразбира предпородилна нега, нега за новороденчето, постпородилна нега, интрапартална нега и грижа за менталното здравје.

За да едно мајчино искуство со породување биде оценето како безбедно и позитивно, потребно е:

Со жената да се постапува со почит и достоинство. За време на породувањето да може да биде присутен некој(а) кого жената ќе си го избере. Жената да добива јасни пораки или насоки од вработените во породилиштето. Да има соодветни стратегии за ублажување на болките. Секаде каде е тоа остварливо, да им се обезбеди на жените можност да бидат подвижни за време на трудовите, како и позиција за раѓање по нивен избор.

При сомнителен или потврден случај на COVID-19, здравствените работници ги преземаат сите мерки на претпазливост со цел да го намалат ризикот по себе и другите, вклучувајќи хигиена на рацете и соодветно користење на заштитна облека од типот на ракавици, скафандер и медицинска маска.

Изминатиов период беше извршена и дезинфекција во просториите и објектите каде што е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирус, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај“, стои во соопштението на МВР.

Денес, владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8.4.2020, од 16 часот.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Дополнително, За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Претходна статијаЕрдоган не заборава на нашата држава: Турција праќа помош на Македонија
Следна статија,,Ви се обраќам Вам министре или ГЕНЕРАЛЕ” – докторка од Скопје му пиша на Филипче