Латас: Кај се појавила Шеќеринска, таму трева не расте – избегавајте ја дури и по телефон да ви се јави

0

Драган Павловиќ Латас во колумна за весник.ком меѓудругото вели: ,,…Ние годинава нема да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ. Тука не рачунам празни муабети и постови по Твитер. Нема да видиме годинава потпишан договор, со наведен датум и услови и формирање тимови за преговорите. Како што има со другите кои преговараат.

Ние, како европјани во најава, храбро и удираме на Турција санкции а никој не знае зошто. На Турција, една од трите најпријателски држави на Македонија и во добро и во лошо. Од држава Македонија која има најмалку 80.000 етнички Турци.

Маски и ракавици немаме но, владата решава да се дадат во извоз оние што ги произведуваат Морнар текс Неготино, како и земање брашно од Србија па извоз во Косово. Трговија пријатљу, а не политика. Трговец е шефот на владата Заев.

Инаку, Јанша како шеф на сестринска партија на ВМРО, помогна по барање на Мицкоски. Радмила, како што ја дал Господ, потоа се истрча дека е тоа воена помош од Словенија, демек нејзина е заслугата. А нема везе, само е донесена со воен авион. Едно е кој донирал, а сосема друго кој е превозникот. Верувајте ми, на Јанша му се дига косата што ја нема на главата на помен на Шекеринска.

Кај се појавила Шекеринска, таму трева не расте. Пустелија. Одеше кај Боки 13 дома човекот заврши во Шутка. Читам, Дајнерс е на колена , а газадата Обрад од Белград, што на Рада и е кум, заглавил по затвори.

Со Заев се качија на американски носач на авиони, малер ги утепа Америте, па сега носачот Теодор Рузвелт плута по океанот со 800 заразени од корона вирус.

Треба да се донесе владина уредба: не се собирајте во група и никако Шекеринска да ви влезе во куќа. Јас знам од искуство кој малер носи. По можност, избегавајте ја и по телефон да не ви пренесе 5Г бранови па да ви умре дома папагалот или мачката.

Пуздер ни е владава. Ниту министерот за надворешни се заблагодари за донациите, ниту Филипче посети еден град, клиника барем или фамилија заболени од корона вирусот за да покаже грижа за нив. Филипче и Рада намонтираа болница на надувавање на местото на срушениот студентски дом и мислат свршиле работа.

Да ја завршеше Филипче новата болница во Штип која стои затоа што не е решен рушветот, немаше потреба војска да дува шатори.

Наместо дување, полесно ќе живееа заболените ако Шекеринска дадеше на користење барем еден од петте стана што ги има…”

Целата колумна прочитајте ја на весник.ком

Претходна статија,,Морав ова да го постирам, зашто многумина навистина ме реметат со теории на заговор”
Следна статијаД-р Даниловски: Мерките кои се превземаат се всушност ,,средновековни” мерки