Од почетокот на кризата со Корона вирусот, посебно на тапет во нашата јавност се луѓето кои патуваат низ Европа и светот. И донекаде беа оправдани реакциите за прославата на 8. Март, кога некои неодговорни се осмелија да патуваат во Италија, реакциите за шоферите кои возат низ Европските земји, едноставно не држат. Еве еден исповед на Тимо Соколов од Струмица, кој е шофер на камион:
-Два три збора за нас шоферите. Читам овие денови постови и коментари. Зачуден сум од зломбата, алчноста, ом разата и себичноста која што ја гледам во некои луѓе… Ќе спомнам само еден пример:
– ” шоферишта, што к р барале во Европа па сега да ни доаѓаат овде во Македонија заразени, нека си седат таму, сакале нагоре, еве им горе.”
Јас ќе кажам,овие шоферишта се нагоре и позади воланот бидејќи таква им/ни е професијата,мораме да разнесуваме стока, бидејќи сите не сме партиски војници вработени во администрацијата, сите не сме лекари, сите не сме учители,итн…….мора некој да биде и шофер.
Значи јас не велам да нема проверки на влез во Македонија – нека има!!! ама по оваа што го читам во коментарите гледам дека веќе ние сме како отпишани и како непожелни личности, за разени од л епра и седиме како некое см ртоносно зом би позади воланот и чекаме да си дојдеме дома во Македонија и да ги за разиме сите.
Ееееј луѓе, овие шофери имаат свест, имаат семејства – деца, жени и самите се свесни дека ако се болни нема да си дојдат или ќе се самоизолираат….ама вие велите не, никако ……еми каде да одиме ние?
Можеби некому му завршил договорот, смената, му истекла визата….ставете се на наше место, каде да одиме ако сме здрави ??? (а и да сме болни, нели треба да се лечиме или треба да ум ре ме во камионот на некој паркинг,м??)
Срамота е тоа….што го пишувате сите и знам дека сега можеби ќе бидам бомбардиран од зло бни коментари, ама размислете дали сум или не сум во право.
Христос не се згнасил ниту од леп розниот,ниту од блу дницата, ниту од Римјанинот, и за крај ќе ве прашам (вие што така размислувате) дали сте вие поголеми и почисти од Христос? Христос посреде нас.